Ѕвезди кои двапати стапиле во брак со иста личност

Ако се сакаш – стапи во брак, кога ќе почнеш да се мразиш – разведи се... и така во круг. Можеби не звучи најдобро и најпаметно, но и тоа не е ништо чудно во светот на шоу бизнисот.

dzvezdi-koi-dvapati-stapile-vo-brak-so-ista-licnost-001.jpg

Има и такви славни кои вторпат му дале шанса на бракот и тоа со иста личност.

Листата на имиња кои влегле двапати во брак со ист човек, изгледа вака:

Памела Андерсон

Моделот и актерот Рик Саломон првпат стапија во брак во 2007-ма година, се разведоа во 2008-ма, за повторно да се земат во 2014-та и да се разведат во 2015-та година.

dzvezdi-koi-dvapati-stapile-vo-brak-so-ista-licnost-01.jpg

Еминем

Познатиот рапер беше во врска со Кимберли уште од негова 17-годишна возраст, кога таа имала 15 години. Од 1999-та биле во брак, па дури и добија ќеркичка. Во 2001-ва се разведоа.

Вториот обид за љубов беше во 2006-та, кога бракот им траеше само еден месец.

dzvezdi-koi-dvapati-stapile-vo-brak-so-ista-licnost-02.jpg

Илон Маск

Познатиот милијардер и актерката Талула Рајли стапија во брак во 2010-та, но во 2013-та беа официјално разведени.

По една година се предомислија, па повторно ја официјализираа љубовта, но и овојпат со неуспешен крај. Вторпат се разведоа во 2016-та година.

dzvezdi-koi-dvapati-stapile-vo-brak-so-ista-licnost-03.jpg

Жан Клод Ван Дам

По два пропаднати брака, Жан Клод Ван Дам во 1987-ма година третпат му даде шанса на официјализирањето на љубовта и стапи во брак со Гледис, со која има две дечиња. За жал, во 1992-ра година решија да стават крај на бракот.

7 години подоцна, во 1999-та година повторно стапија во брак, а заедно се до ден денес.

dzvezdi-koi-dvapati-stapile-vo-brak-so-ista-licnost-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg