Првите жени на славните мажи: Колин Фарел во нелегален брак, Том Круз сопругата го навлече на скиентологија
Вил Смит и Шири Зампино
Додека беше ѕвезда на „The Fresh Prince of Bel-Air“, глумецот се ожени со Шири Зампино во 1992 година. Заедно имаат син, а се разделија по само три години во брак.
Вил Смит подоцна се зема со Џејда Пинкет во 1997 година, станувајќи родители на син и ќерка, Вилоу и Џејден. А, неговата бивша жена беше венчана со рагбист од 2007 до 2014 година.
Некогашните сопружници и денес се во пријателски односи. Честитајќи ѝ го роденденот на Инстаграм, тој напиша дека е најдобрата мајка на сите времиња, како и дека ја сака. Трогната од гестот, таа исто така му возврати на љубовта.
Ричард Гир и Синди Крафорд
Глумецот и манекенката изгледаа совршено заедно. Ричард Гир и Синди Крафорд беа сопружници во периодот од 1991 до 1995 година. Идилата меѓу двете ѕвезди заврши поради несогласувања и возрасната разликс.
По разделбата од супермоделот, не му беше ни малку лесно да ја пронајде вистинската жена. Се зема со колешката Кери Ловел во 2002 година, од која се раздели во 2013 година, а разведе дури во 2016 година. Заедно имаат син.
Со последната сопруга Алехандра Силва е од лани, а во очекување се на принова. Убавицата, пак, веќе две децении е во брак со бизнисменот Ренди Гербер.
Чарли Шин и Дона Пил
Aктерот трипати се женеше и разведуваше. Чарли Шин во 1995 година за првпат застана пред олтарот со манекенката Дона Пил, знаејќи ја само два месеци. Се запознале на снимањето реклама.
Недолго по свадбата, изби скандалот за вмешаност на љубовџијата во проституција, така што бракот им се распадна во 1996 година. Подоцна се скраси покрај Денис Ричардс во 2002 година, станаа родители на две ќерки, пред да се разведе и од неа во 2006 година.
Со последната сопруга Брук Мулер доби два сина близнаци, а се раздели исто така во 2011 година. Дури и веридбата со ѕвезда во филмови за возрасни неславно му заврши. Од друга страна, првата жена како да исчезна од лицето на земјата.
Мајкл Даглас и Диандра Лукер
Цели осумнаесет години, глумецот беше во брак со Диандра Лукер, ќерка на австриски дипломат. Се венчале во далечната 1977 година, кога тој имал 32, а таа 19 години. Следната година на свет пристигнал нивниот син Камерон.
По поднесеното барање за развод во 1995 година, првата сопруга стана побогата за 45 милиони долари. Четири години подоцна, Мајкл Даглас се ожени со велшката актерка Кетрин Зита Џонс. И двајцата се родени на 25 септември, ама и возрасната разлика меѓу нив е 25 години.
Се запознале на филмски фестивал во Франција и вљубиле на прв поглед еден во друг. Оттогаш се неразделни. Родители се на син и ќерка. Бившата жена не стапи одново во брак.
Пирс Броснан и Касандра Харис
Последната љубовна приказна е најтажната на листата. Првиот брак на славниот глумец завршил трагично. Во моментот кога се запознале, Пирс Броснан бил маѓепсан од убавината на австралиската актерка.
Касандра Харис му станала жена во 1980 година, а освен што ги посвоил нејзините две деца Шарлот и Кристофер, парот заедно го добил и синот Шон. Останаа заедно додека смртта не ги раздели, односно сопругата ја загуби битката со ракот на јајници во 1991 година.
Три години подоцна се запознал со новинарката Кили Смит во Мексико. После долго забавување, тие се венчаа во 2001 година, а заедно имаат два сина, Дилан и Парис. Во 2013 година, ќерката почина од истата болест како и мајка ѝ.
Прочитајте и: Првите мажи на славните жени: Џенифер Лопез во брак со келнер, Хајди Клум се зема со фризер.
M. A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





