Мајкл Џексон ги бојкотирал, Обама добил награда - 9 интересни факти за Греми наградите
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Kelner 18-08-2019
КЕЛНЕР 18-08-2019


Мајкл Џексон ги бојкотирал, Обама добил награда - 9 интересни факти за Греми наградите

Греми е најпочитуваната и најпрестижната награда која може да се добие во музичката индустрија. Она што е Оскарот за филмовите, тоа е Греми за песните.

9-interesni-fakti-za-Gremi-nagradite-01.jpg

Во чест на 61 издание на Греми музичките награди прочитајте неколку интересни факти поврзани со гламурозната церемонија:

Името на манифестацијата

Првично, наградите биле наречени „грамофонски награди“, што го објаснува и изгледот на статуетките кои ги добиваат победниците.

Сертификати наместо статуетки

Само музичарот кој ќе победи ја добива грамофонската статуета. Продуцентите кои се потпишуваат зад хит песната добиваат сертификат.

Претседатели како победници

Само тројца американски претседатели имаат добиено Греми награда: Бил Клинтон, Џими Картер и Барак Обама. Обама има освоено Греми за „Најдобар албум во разговорен стил“, за аудио верзијата од неговата книга „The Audacity Of Hope: Thoughts on Reclaiming the American Dream“.

9-interesni-fakti-za-Gremi-nagradite (4).jpg

Најмладиот изведувач кој освоил Греми награда…

… е Лиен Рајмс. Таа освоила дури 2 Греми награди во 1997 година, кога имала само 14 години.

Многу номинации, ниту една награда

Брајан МекНајт и Снуп Дог имаат нешто заедничко. И двајцата имаат по 16 номинации досега, но ниту еден од нив никогаш не освоил Греми.

9-interesni-fakti-za-Gremi-nagradite (3).jpg

Најголемиот Греми рекордер

Во моментов, Стиви Вондер го држи рекордот на најмногу освоени Греми награди, дури 28.

9-interesni-fakti-za-Gremi-nagradite (1).jpg

Одбиена награда

Шинед О’Конор е единствената победничка која досега ја има одбиено Греми наградата. Таа победила во категоријата „Најмладиот нов изведувач“, но ја одбила наградата со аргументот дека наградите се премногу комерцијални.

Бојкот на манифестацијата

Во 1980 година, Мајкл Џексон ги бојкотираше Греми наградите откако неговиот хит албум Off The Wall не доби номинација за „Албум на годината“ и покрај огромниот успех.

9-interesni-fakti-za-Gremi-nagradite (2).jpg

Кралот на рокенролот победил во многу чудна категорија

Елвис Присли има дури 3 греми награди во категоријата Госпел.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли сакала да организира погреби: Чудни факти и тајни за сла... Постојат многу неверојатни факти за познатите личности што малкумина ги знаат. Н...
Ѕвезди кои имале ФБИ досие, но ретко кој знае Низ годините, ФБИ имаат собрано тајни информации за милиони луѓе ширум светот, а...
Славни парови кои не сакаат деца Мнозинството луѓе имаат желба да се остварат во улогата на родители. Од друга ст...