Мрачната реална приказна зад песната „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер


Мрачната реална приказна зад песната „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер

Зависност од дрога и алкохол, издигнување од дното до врвот, чија животна приказна стои зад емотивните стихови на Shallow?

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-01.jpg

Дали и вие ја слушате постојано Shallow? Некако допира до срце, зарем не? Ова врвно музичко остварување собра низа награди и признанија.

Пред само неколку години инди-рок музичарот Ентони Росомандо беше зависен од дрога, преспиваше на каучите на пријателите и ја продаваше својата музичка опрема за да преживее.

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-07.jpg

Но, годинава на 42-годишна возраст тој се најде облечен во црн костим на сцената на Златни Глобуси, Греми, а сега и на Оскарите 2019 собирајќи трофеи за песната Shallow од филмот „A Star Is Born“, на која е ко-автор со Марк Ронсон, Ендрју Вајт и Лејди Гага.

Драматична реална приказна на Ентони од дното до врвот е дури поемотивна од приказната на Али, ликот на Гага во филмот.

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-03.jpg

Ентони откри дека Гага му се јавила и тоа бил судбоносен повик, кој го добил по само една година прекин и рехабилитација од зависноста од дрога и алкохол.

„Таа откако го прочитала сценариото помислила дека добро ќе се вклопам, па разговарав со Бредли Купер неколку пати за неговиот лик Џексон Мејн, кој исто така има проблем со зависност и сите имавме чувство дека ќе се поврзам со ликот. Имав сличен ментален склоп, па затоа Гага ме сметаше за вистинскиот кандидат“, изјави Ентони.

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-02.jpg

Ентони има богата музичка кариера зад себе, но зависноста направила да ја продава неговата скапа винтиџ музичка опрема во темни улички во Лондон и Лос Анџелес. Дури и кога ја пишувале Shallow тој сè уште се трудел да открие кој е и да се врати на вистинскиот пат.

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-09.jpg

Стиховите на песната вели дека дури може да бидат протолкувани како мисли на манично-депресивна личност. Тој вели дека со Гага ги отвориле срцата за оваа песна и дека се гледа по стиховите дека е напишана од луѓе со подеми и падови и со низа животни борби, а не од 20-годишни деца.

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-10.jpg

Ентони вели дека е воодушевен од успехот на песната, но сè уште е внимателен кога говори за своите зависности и ментални проблеми. Вели дека му се допаѓа што има чувство дека песната лечи.

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-08.jpg

mrachnata-realna-prikazna-zad-oskarovskata-pesna-shallow-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е мрачната страна на тоа да се биде дел од кралското семејство? (фото) Камери има секогаш и секаде, а луѓето прават селфиња со кралицата Елизабета дури...
Која е Саманта Кохен - жената задолжена за кралската обука на Меган Маркл? Таа веќе 17 години е член од кралскиот тим на кралицата Елизабета, а сега секаде...
Ѝ беше момче на Касандра на филмското платно, на Шакира во реалноста: Како изгледа Освалдо Риос дене... Срцекршачот од ТВ екраните е токму таков и во реалноста. Зад себе има три брака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg