Како врската на Џеј Ло со Алекс Родригез се разликуваше од сите нејзини претходни романси?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како врската на Џеј Ло со Алекс Родригез се разликуваше од сите нејзини претходни романси?

„Тој е еден од оние луѓе кои ти велат: „Блескај, биди најдобра“. Позитивно влијае на мојот живот. Тој е убава душа.“, изјави Џенифер Лопез за Алекс Родригез во една пригода.

kako-vrskata-na-jennifer-lopez-so-alex-rodriguez-se-razlikuvashe-od-site-nejzini-prethodni-romansi-01.jpg

Изгледа дека Џенифер Лопез конечно ја пронајде вистинската личност за себе. Таа се сврши со Алекс Родригез по 2 години состанување. Но, по што оваа врска на 49-годишната пејачка се разликуваше уште од самиот почеток од сите нејзини романси досега?

За љубовното минато на Џеј Ло се знае доволно, додека Алекс зад себе има еден брак и љубовни врски со некои познати дами како Камерон Дијаз, Кејт Хадсон и Мадона.

kako-vrskata-na-jennifer-lopez-so-alex-rodriguez-se-razlikuvashe-od-site-nejzini-prethodni-romansi-12.jpg

Но, зошто сите фанови уште на стартот прогнозираа дека тие двајца ќе траат долго?

Џенифер Лопез за врската со Алекс уште во септември 2017 година изјави дека ова е првата добра врска во која била, дека едноставно така чувствува.

kako-vrskata-na-jennifer-lopez-so-alex-rodriguez-se-razlikuvashe-od-site-nejzini-prethodni-romansi-05.jpg

„Не е дека не сум имала прекрасни врски, полни со љубов и авантури, но ова е првата врска во која чувствувам дека се правиме подобри личности еден со друг. Се надополнуваме и меѓу нас постои вистинска чиста љубов. Само сакаш да ја поддржиш другата личност и да ја направиш среќна. Постои несебичност во љубовта која е убава и поинаква. И тоа е здраво“, изјави таа.

kako-vrskata-na-jennifer-lopez-so-alex-rodriguez-se-razlikuvashe-od-site-nejzini-prethodni-romansi-09.jpg

Лопез заклучи дека тоа што таа и Алекс се во 40-тите години од животот има најголема улога и се согласуваат дека ако се сретнеле порано нивната врска најверојатно немала да успее.

„Моравме да растеме и да се откриеме себеси прво. Јас го разбирам него на начин на кој никој друг не го разбира. Во 20-тите тој имаше огромен успех како бејзбол играч. Јас имав филм број 1 и албум број 1 и направив историја. Двајцата имавме подеми и падови и предизвици во 30-тите и во 40-тите двајцата имаме минато низ толку многу. И што е најважно двајцата работевме многу на себе.“

kako-vrskata-na-jennifer-lopez-so-alex-rodriguez-se-razlikuvashe-od-site-nejzini-prethodni-romansi-02.jpg

Во едно интервју од јуни 2018 Џеј Ло изјави:

„Направив многу грешки во минатото и сега сум зрела, исто и тој. Сега двајцата работите ги правиме со свое темпо. Нашиот живот сега е прекрасен. Со нашите деца и работата ние сме благословени. Не ми треба ништо повеќе.“

kako-vrskata-na-jennifer-lopez-so-alex-rodriguez-se-razlikuvashe-od-site-nejzini-prethodni-romansi-03.jpg

Таа за скандалите зад нив вели:

„Сите имаат мани и луѓето кои ги сакам во мојот живот се оние кои ги препознаваат своите мани и се подготвени да работат на нив. Најважно е некој да може да погледне кон себе и да каже дека не му оди најдобро и дека треба да се потруди повеќе.“

За успешноста на нејзината последна врска вели дека е заслужно тоа што конечно научила да се сака себеси, затоа што дури тогаш можете да сакате некој друг искрено и вистински и да имате врска базирана на љубов, поддршка и почит.

kako-vrskata-na-jennifer-lopez-so-alex-rodriguez-se-razlikuvashe-od-site-nejzini-prethodni-romansi-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Синчето на Новак Ѓоковиќ неуморно навиваше за својот татко на Ролан Га... Јелена Ѓоковиќ објави фотка од синот Стефан кој за првпат го следи мечот на него...
Сите работи кои ги знаеме досега за врската на Бред Пит и Шарлиз Терон Сите зборуваат за врската на Шарлиз Терон и Бред Пит, иако тие успешно се кријат...
Ведрана Рудан без влакна на јазикот испрати отворено писмо до Северина... Ведрана Рудан, 70-годишната хрватска новинарка и писателка која во родната земја...