Сите 4 прстени со кои поранешните партнери ја запросија Џеј Ло пред Алекс Родригез (фото)


Сите 4 прстени со кои поранешните партнери ја запросија Џеј Ло пред Алекс Родригез (фото)

Иако во брак била со тројца мажи досега, сепак Џеј Ло беше запросена 4 пати пред Алекс да влезе во игра.

site-4-prsteni-so-koi-poraneshnite-partneri-ja-zaprosija-djej-lo-pred-aleks-rodrigez-foto-01.jpg

Викендов Џеј Ло и Алекс Родригез се верија додека беа на романтично бегство, а веста ја споделија на нивните Инстаграм профили.

site-4-prsteni-so-koi-poraneshnite-partneri-ja-zaprosija-djej-lo-pred-aleks-rodrigez-foto-08.jpg

Алекс ја запроси пејачката со огромен дијамантски прстен, а според експертите за накит, вредноста на истиот е проценета на сума помеѓу 1 и 5 милиони долари.

Новиот вереник на Џеј Ло очигледно не се штедел, но да се потсетиме на претходните 4 прстени кои заблескаа на раката на Џеј Ло, пред Алекс да влезе во игра.

Таа пред него имаше 3 неуспешни брака и 1 неуспешна веридба со Бен Афлек.

Како изгледаат сите нејзини веренички прстени и која е нивната вредност?

Сопруг бр. 1 – Охани Ноа

Се венчаа во 1997-ма и се разведоа за помалку од една година.

Вредноста на прстенот е проценета на 6-цифрена сума.

site-4-prsteni-so-koi-poraneshnite-partneri-ja-zaprosija-djej-lo-pred-aleks-rodrigez-foto-02.jpg

Сопруг бр. 2 – Крис Џуд

Се венчаа во 2001, се разделија за помалку од година, а официјално се разведоа во 2003, откако таа се вери со Бен Афлек.

Вредноста на дијамантскиот прстен е исто така проценета на 6-цифрена сума.

site-4-prsteni-so-koi-poraneshnite-partneri-ja-zaprosija-djej-lo-pred-aleks-rodrigez-foto-03.jpg

Вереник бр. 3 – Бен Афлек

Започнаа да се гледаат во 2002, а кон крајот на годината тој ја запроси, планираа свадба во септември 2003, а Бен ја откажа неколку дена претходно.

Вредноста на дијамантскиот прстен е проценета на сума помеѓу 1.2 и 2.5 милиони долари.

site-4-prsteni-so-koi-poraneshnite-partneri-ja-zaprosija-djej-lo-pred-aleks-rodrigez-foto-04.jpg

Сопруг бр. 3 – Марк Антони

Се венчаа во 2004-та и имаат две заеднички деца, близнаците Макс и Еме, а се разведоа во 2014-та.

Вредноста на дијамантскиот прстен е проценета на 4 милиони долари.

site-4-prsteni-so-koi-poraneshnite-partneri-ja-zaprosija-djej-lo-pred-aleks-rodrigez-foto-05.jpg

Вереник бр. 5 – Алекс Родригез

Започнаа да се гледаат во февруари 2017-та и постојано се заедно, а тој ја запроси во март 2019-та на романтично патување.

Вредноста на дијамантскиот прстен е проценета на сума помеѓу 1 и 5 милиони долари.

site-4-prsteni-so-koi-poraneshnite-partneri-ja-zaprosija-djej-lo-pred-aleks-rodrigez-foto-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни жени кои од љубовници станаа сопруги Дефиницијата за брак во Холивуд драстично се разликува од онаа секојдневната и п...
Алекс Родригез дома си пронајде 17 години стара фотка со автограм од Џ... Судбината има чудни планови. Алекс Родригез сигурно не замислувал дека поп диват...
10 пати кога Ким Кардашијан беше злобна кон своите сестри Понекогаш таа не ги одобрува нивните љубовни избори, а понекогаш ја ежи фактот к...