Зошто Пинк никогаш повеќе нема да објавува фотки од своите деца?


Зошто Пинк никогаш повеќе нема да објавува фотки од своите деца?

„Каква мајка си ти?“ - Луѓето се многу силни и некултурни кога се анонимни. Навистина беа злобни кон мене“, се пожали Пинк.       

zoshto-pink-nikogash-povekje-nema-da-objavuva-fotki-od-svoite-deca-01.jpg                       

Познатите личности често се мета на критики околу тоа како се однесуваат во улогата на родители. Па, и Пинк се најде во ваква ситуација.

Пејачката и нејзиниот сопруг Кери Харт редовно објавуваат фотографии од нивните две деца. Тие постојано прават забавни активности со нивната 7-годишна ќерка и 2-годишниот син.

Но, дежурните критичари се јавија кога Пинк објави фотографија на која синот е без пелени. Таа не сфатила во првиот миг кога ја објавила фотографијата, но луѓето веднаш удрија со критики по неа.

Дури отидоа дотаму што ѝ пишувале дека ќе ја пријават во Центар за социјални грижи.

Во едно интервју Пинк откри дека по настанот плачела толку многу и ѝ било криво што испаднало така, а со фотографиите од децата само сакала да покаже колку е горда како мајка.

„Погорда сум на моите деца отколку на било што друго што сум сторила во животот, но веќе нема да споделувам фотографии од нив. Нема да го правам тоа.

Многу луѓе ме нападнаа. Ми поставува прашања од типот: „Каква мајка си ти?“ Луѓето се многу силни и некултурни кога се анонимни. Навистина беа злобни кон мене“, се пожали Пинк.

Таа ја избриша оригиналната фотографија од синот и потоа ја прикачи истата само исцртана долу.

Пинк порача дека сите тие воини на тастатура полни со негативност се ужасна работа.

Фотки од нејзините деца:

zoshto-pink-nikogash-povekje-nema-da-objavuva-fotki-od-svoite-deca-08.jpg

zoshto-pink-nikogash-povekje-nema-da-objavuva-fotki-od-svoite-deca-07.jpg

zoshto-pink-nikogash-povekje-nema-da-objavuva-fotki-od-svoite-deca-06.jpg

zoshto-pink-nikogash-povekje-nema-da-objavuva-fotki-od-svoite-deca-05.jpg

zoshto-pink-nikogash-povekje-nema-da-objavuva-fotki-od-svoite-deca-04.jpg

zoshto-pink-nikogash-povekje-nema-da-objavuva-fotki-od-svoite-deca-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки од снимањето на првите сцени за Fast & Furious 9 – Вин Дизел веќ... Вин Дизел со пуштен стомак и банана во уста ѝ се придружи на Мишел Родригез на с...
12 фотки од Кендал Џенер кои мама Крис сигурно сака да ги заборавиме Под дејство на алкохол, со златен заб и чудни стајлинзи, со акни на лицето – кои...
Разголена танчарка во бар: 16 невидени фотки од Лејди Гага пред да ста... Таа отсекогаш била скандалозна со стајлинзите и однесувањето, дури и во времето ...