Познати дами кои никогаш не се појавиле на Мет Гала – и веројатно нема ни во иднина

Додека целиот свет е под импресии од неодамна одржаната манифестација, се чини дека на одредени моќни жени баш и не им буди некаков посебен интерес ваквата парада на ѕвездите. Кои се причините што го избегнуваат настанот?

poznati-dami-koi-nikogash-ne-se-pojavile-na-met-gala-i-verojatno-nema-ni-vo-idnina-1.png

Речиси и да не постои славна фаца што не сонува да прошета по црвениот тепих на Мет Гала, најголемото модно случување во Њујорк. А, немаат сите среќа и да им се оствари. Списокот на гости кои се поканети го одобрува лично Ана Винтур, главната и одговорна уредничка на американското издание на Vogue.

poznati-dami-koi-nikogash-ne-se-pojavile-na-met-gala-i-verojatno-nema-ni-vo-idnina-2.jpg

Сепак, дури и таа некогаш е принудена да слушне „не“ како одговор. Ова се познатите дами кои никогаш не се појавиле на Мет Гала – и веројатно нема ни во иднина:

Оливија Палермо

Таа е светски призната икона на стилот, прва њујоршка трендсетерка и ѕвезда на модните недели во Париз и Милано. Со други зборови, Оливија Палермо совршено се вклопува на моден настан како што е спомената Мет Гала.

Сепак, никогаш се нема појавено на настанот. Постојат гласини дека од некои причини не ја сака Ана Винтур. Нејзините претставници за медиуми одбиваат јавно да ги коментираат отсуствата.

poznati-dami-koi-nikogash-ne-se-pojavile-na-met-gala-i-verojatno-nema-ni-vo-idnina-3.jpg

Мерил Стрип

Некои луѓе саркастично тврдат дека оскаровката не е поканета на манифестацијата, бидејќи во филмот „Ѓаволот носи Прада“ го толкуваше ликот на Миранда, којашто е олицетворение на строгата Ана Винтур.

Меѓутоа, наведените шпекулации не се ништо повеќе од шега. Уредничката е и повеќе од паметна, за да си дозволи поради една таква ситница да изгуби гостин од калибарот на живата легенда Мерил Стрип.

poznati-dami-koi-nikogash-ne-se-pojavile-na-met-gala-i-verojatno-nema-ni-vo-idnina-4.jpg

Анџелина Џоли

Ниту еден црвен тепих во Холивид не може да помине без убавината на Анџелина Џоли. Меѓутоа, славната глумица не зачекорила на ниту едно издание на Мет Гала.

Претпоставките на многумина се дека ова се должи на нејзината презафатеност со филмските снимања, хуманитарните мисии, или, пак, грижата за семејството. Ама, не е така.

Будните очи на новинарите повеќепати ја забележаа актерката во Њујорк за време на одржување на манифестацијата.

poznati-dami-koi-nikogash-ne-se-pojavile-na-met-gala-i-verojatno-nema-ni-vo-idnina-5.jpg

Џенифер Анистон

Холивудската миленичка има позирано за насловната страница на магазинот Vogue во мноштво наврати. Џенифер Анистон е и во пријателски односи со главната уредничка Ана Винтур. Но, дури ни таа не учествувала барем на една Мет Гала. Можеби едноставно не сака да се облекува во „театрални“ костими.

poznati-dami-koi-nikogash-ne-se-pojavile-na-met-gala-i-verojatno-nema-ni-vo-idnina-6.jpg

Меган Маркл

Пред забавувањето со принцот Хари, таа не беше голема ѕвезда, а со самото тоа ниту доволно интересна за да биде поканета на Мет Гала. Денес нештата се сосема поинакви за Меган Маркл.

Од организацијата посакуваат таа и Кејт Мидлтон да ги почестат со присуство на црвениот тепих, призна Ана Винтур во интервју годинава:

„Би сакала да ги видам заедно војвотките од Кембриџ и Сасекс на Мет Гала. Важно ми е да ги видам. Може да дојдат и без нивните мажи. Посебно Меган – таа навистина влијаеше на мојот стил. Благодарение на неа, размислував да ја прегледам својата гардероба и да додадам повеќе костими.“

За волја на вистината, нејзините сонови тешко дека ќе се остварат. Членовите на кралското семејство ретко се појавуваат на вакви настани.

poznati-dami-koi-nikogash-ne-se-pojavile-na-met-gala-i-verojatno-nema-ni-vo-idnina-7.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со ... Анџелина во една прилика рече дека кога го видела како 3-месечно бебе не можела ...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Го заведе братот, па ѝ ја украде првата љубов – Зошто кралицата Камила е во лоши односи со сестрата ... Додека Чарлс бил во врска со Камила, сестра му Ана била со Ендру Паркер Боулс. И...
Ријана задоцни, лебарка прошета на црвениот тепих - Најсмешните мемиња за Мет Гала 2023 Ријана задоцни, Џаред Лето се појави со костим на мачка, а во еден миг на црвени...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg