12 срамни фотки кои не смее да ги види ќерката на Кајли Џенер
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


12 срамни фотки кои не смее да ги види ќерката на Кајли Џенер

Старлетата денес е навидум грижлив родител на малечката Сторми Вебстер. Меѓутоа, постојат грешки од минатото кои засекогаш ќе ја следат младата мајка.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-1.png

Познатата членка на семејството Кардашијан роди дете со навршени дваесет години. Ѕвездата на реалното шоу во меѓувреме создаде огромно богатство со пробивот во козметичката индустрија и се оствари на професионален план.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-2.jpg

Од друга страна, таа израсна пред очите на јавноста, па сведоци сме и за низата скандалозни однесувања од тогашната тинејџерка. Покрај интимната врска со осум години постариот Тајга, не беше за пример уште во многу други ситуации.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-3.jpg

Ова се дванесетте срамни фотки кои не смее да ги види ќерката на Кајли Џенер:

1. Кога објави фотка во кревет со голиот син на Вил Смит, навестувајќи дека се нешто повеќе од другари.

Тогаш имаше само 15 години, а мајка ѝ Крис Џенер беше оправдано бесна. Ниту јавноста не ја поштеди од критики за неумесниот потег.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-4.jpg

2. Кога конечно на целиот свет и преку социјалните мрежи му покажа дека пие алкохол од рана возраст.

Претходно разгалената тинејџерка се колнеше дека го чека полнолетството за да открие каков е вкусот.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-5.jpg

3. Кога на шега се обиде да го негира она што сите на прв поглед помислија дека се случило со нејзините фармерки.

Кајли Џенер во своја одбрана напиша дека е малер, па редовно се потура себеси со пијалаци во автомобилот.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-6.jpg

4. Кога како шеснаесетгодишничка не се прослави зад воланот.

Две недели по добивањето на возачката дозвола, Кајли Џенер предизвика верижен судар. И уште една сообраќајна незгода подоцна со новиот автомобил што го доби на подарок.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-7.jpg

5. Кога буквално не можеше да се исконтролира себеси.

Старлетата ја загуби рамнотежата на забава во Холивуд. Можно е да имала проблеми со чевлите, ама поголема е веројатноста дека сепак испила некоја чашка повеќе.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-8.jpg

6. Кога папараците ги затекнаа неа и Кендал во бесознание на задното седиште од автомобил.

Во нивна заштита се јави проблематичниот зет Скот Дисик, иако остана нејасно како обете малолетнички воопшто завршиле во таква состојба.

12-sramni-fotki-koi-ne-smee-da-gi-vidi-kjerkata-na-kajli-djener-9.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кајли Џенер си ја носи ќеркичката на работа и позира со неа на пауза (... Кајли Џенер тврди дека поминува многу време со ќеркичката и не се двои на неа, а...
Татко на 69 години: Ричард Гир доби син со 33 години помладата сопруга 69-годишниот Ричард Гир и 35-годишната Алехандра Силва го добија нивното прво за...
10 спортисти кои ги заведоа сестрите Кардашијан-Џенер Познатите старлети се вистински магнет за богати и славни фраери, а покрај музич...