Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Натрапник влегол во Бакингемската палата и бил уапсен на неколку метри од кралицата

Вчера, во 2 часот наутро, во Бакингемската палата влегол натрапник и бил на само неколку метри од заспаната кралица. Наводно, 22-годишниот маж успеал да се качи преку оградата пред градбата и да влезе во домот на 93-годишната кралица.

natrapnik-vlegol-vo-bakinglemskata-palata-i-bil-uapsen-na-nekolku-metri-od-kralicata-01.jpg

Според изворите, на полицијата на имотот ѝ биле потребни околу 4 минути да го уапси и да утврди дали е вооружен. Се разбира, сето ова предизвикало голема паника поради големиот безбедносен пропуст.

Постојат сомнежи дека натрапникот се обидувал да ја копира операцијата на Мајкл Фаган кој успеа да влезе во спалната на кралицата пред 37 години.

Изворите од палатата изјавиле:

„Имаше натрапник во палатата додека кралицата спиеше во нејзината спална и тој беше слободен добри неколку минути пред полицајците да го уапсат. Беше убеден дека ќе влезе внатре и тропаше по вратите, но за среќа, во тој период сè беше заклучено.“

Интересно е што ова не е првиот обид некој да влезе во палатата. Најпознатиот ваков случај е на горенаведениот Мајкл Фаган.

natrapnik-vlegol-vo-bakinglemskata-palata-i-bil-uapsen-na-nekolku-metri-od-kralicata-03.jpg

На 9-ти јули 1982-ра година во 7:15 часот наутро, невработениот работник Мајкл Фаган ги прескокнал ѕидините и влегол во спалната на кралицата.

Тогаш Мајкл имал 31 година и бил дијагностициран со шизофренија. Кога влегол во спалната, почнал да ѝ раскажува на кралицата за неговите семејни проблеми, кога таа го притиснала копчето за паника под нејзиниот кревет. Но, не добила никаков одговор.

Потоа се обидела да телефонира, но операторот помислил дека тоа е само некој од послугата што се шегува.

Кога телефонирала, операторот одговорил: „Да драга, ти си кралицата, веднаш ќе пратиме некој горе.“

Набрзо потоа Мајкл скршил голем пепелник и се заканувал дека ќе си ги исече зглобовите на креветот на кралицата. За среќа, на помош дошол долгогодишниот помошник на Елизабета, Пол Вајбру, кој и денес работи за неа.

natrapnik-vlegol-vo-bakinglemskata-palata-i-bil-uapsen-na-nekolku-metri-od-kralicata-04.jpg

Тој се враќал со кучињата на кралицата кога таа му довикнала. Пол го забележал Мајкл и почнал да разговара со него.

Му понудил пијалак, и кога забележал дека повеќе не се штити успеал да го изнесе надвор и да повика полиција.

Други безбедносни пропусти во палатата:

- Една година пред случајот со Мајкл, 17-годишниот Маркус испукал 6 ќор-фишеци кон кралицата за време на воената парада „Поздрав на боите.“

- Во 1990-та година, Стивен Голдинг успеал да влезе на имотот на палатата по што лежел 3 месеци во затвор. Тој тврдел дека е принцот Ендру Виндзор и дека кралицата е негова мајка.

- Во јули, 1992-ра година, Кевин Мекахон бил уапсен во палатата втор пат во истата недела. За време на првиот „напад“, тој го присили хеликоптерот во кој се наоѓале кралицата и војводата од Единбург да ја промени насоката додека трчал по имотот.

- Истата година, во палатата Сент Џејмс влегол натрапник и испил шише виски од приватниот апартман на принцезата Александра.

- Во 1994-та година, гол маж слетал со параглајдер на покривот од палатата. Станувало збор за американецот Џејмс Милер кој си заработил казна од 200 фунти и бил депортиран.

- Во 1995-та година, студентот Џон Гилард удрил во портите на палатата со неговиот автомобил.

- Во 2003-та година, била започната голема истрага откако Арон Баршак влегол на роденденската забава на принцот Вилијам. Тој носел фустан, брада и очила, се качил на бината додека принцот ја поздравувал публиката и го бакнал во двата образи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Порасна со насилен татко, беше засенет од брат му: Каков е односот на Киран и Меколи Калкин? Откако со години живееше во сенката на брат му Меколи, Киран Калкин конечно го д...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg