„Лиам се чувствува како идиот“ - зошто се разведуваат Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт?

Мајли Сајрус кратко по веста за разделбата се бакнува со нова девојка, додека блиските на Лиам велат дека тој тврдоглаво верувал дека таа ќе се смири покрај него. Првпат беа свршени во 2012 година.

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-01.jpg

Мајли Сајрус (26) и Лиам Хемсворт (29) се разделија по само 7 месеци брак, а веста ги изненади фановите ширум светот, но наводно луѓето блиски до нив не биле изненадени.

Откако русокосата беше фотографирана со новата девојка, таа изјави дека ќе дозволи животот самиот да си оди по неговиот тек и дека разделбата не била изненадување затоа што имале многу проблеми.

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-07.jpg

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-22.jpg

Таа порача дека промените се неизбежни.

View this post on Instagram

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

Луѓе блиски до нив велат дека тие немале исти ставови за фундаментални работи во животот. На пример Лиам сакал да се смири и да основа семејство со Мајли, додека таа не била подготвена за тоа.

Токму тоа и била причината што имале експлозивна кавга во јули 2018 година, неколку месеци пред да се венчаат со тајна церемонија во декември. Исто така, Лиам многу сакал деца, а Мајли не била подготвена за таков чекор.

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-05.jpg

„Мајли навистина не сакаше да се омажи, но тоа како да го сфаќаа сите освен Лиам. Неговото семејство го молеше да се освести, но тој имаше верба во Мајли. Сега се чувствува како идиот“, вели извор близок до парот.

На нивното последно јавно појавување на Мет Гала, пред разводот, Лиам изгледаше неимпресионирано од однесувањето на Мајли која во свој стил беше скандалозна, го задеваше и го вадеше јазикот надвор.

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-18.jpg

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-10.jpg

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-08.jpg

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-04.jpg

liam-se-chuvstvuva-kako-idiot-zoshto-se-razvedoa-majli-sajrus-i-liam-hemsvort-03.jpg

„Тој навистина не ја сака таа страна од Мајли, затоа што тој е нешто сосема спротивно“, вели изворот.

Осамна и видео направено неколку дена пред парот да стави крај на својот краткотраен брак, а на видеото двајцата изгледаат далечно и студено. Мајли зјапа во својот телефон и одржува дистанца од сопругот, одејќи еден метар по него.

Инаку парот се состанува со години, за првпат се свршија во 2012 година, но потоа се разделија во септември 2013, па се смирија во 2016 година.

Фотки од парот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ирина Шајк си се шета со бившиот, Мајли Сајрус на плажа со ‘неуредна фризура’: Фото-докази дека и ѕв... Ирина Шајк со качулка се крие додека ја шета ќерката со поранешниот сопруг, Мајл...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Скандалите на семејството на Мајли Сајрус: Татко ѝ има 27 години помлада девојка Мајката на Мајли, Тиш, е во брак со актерот Доминик Пурсел. Но, според некои изв...
Смешни ретро фотки од славни личности кои позираат со предмети за да ги добијат бесплатно Мајли Сајрус со средство за чистење, Тревис Баркер со кукла, Енрике Иглесијас со...
Се омажи мајката на Мајли Сајрус - пејачката ја одведе до олтарот, смени две венчаници (фото) „Таа секогаш беше тука за да ме подготви за важните настани во мојот живот, чест...
Најбурните разводи на регионалните и светските ѕвезди Иако се разведоа пред 11 години, Гоца Тржан и Иван Маринковиќ до денес се „препу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg