Вработени во палатата откриваат како е да се работи за британското кралско семејство
- Детали
- недела, 25 август 2019
„Идната кралица на Англија ми направи кафе, беше фантастично“, „Мора да запомните дека тој луксуз, јахти и автомобили не се ваш животен стил“ се дел од исповедите.
Во еден миг еден новинар британското кралско семејство го нарече „најдолгото ријалити шоу на сите времиња“. Глобалната фасцинираност од Кејт Мидлтон и Меган Маркл не сопира, а цел свет сака да знае што се случува позади вратите на палатата.
Некои сегашни и поранешни вработени во палата открија како е да се работи за кралското семејство.
Тие со внимателност откриваат детали затоа што при самото вработување сите потпишуваат договори за тајност на информациите од палатата.
„Во палатата може да добиете шолја кафе кога сакате, но во еден момент Камила Паркер ми понуди кафе. Замислете да добиете шолја кафе направено лично од идната кралица на Англија? Буквално беше фантастичен миг. Од што бев збунета не се ни сеќавам какво беше“, изјави Дебора Мишел, помошничка на Камила во кралската палата.
„Да се работи за кралското семејство е да се биде во допир со најдобрите автомобили, јахти и ресторани, но тоа е нивен живот, а не ваш. Ако не го разберете тоа, ќе имате проблем“, вели еден од вработените во палатата.
Симон Морган пак денес е дел од кралското обезбедување, а открива дека работел како полицаец во Лондон од 2007 до 2013 година. Оваа промена му дошла како културолошки шок.
„Еден ден работев на некои од најмрачните улици во Лондон, а следниот веќе вечерав на главна маса со членовите од кралското семејство“, вели тој.
„Добив прекрасна соба, кралското семејство навистина се грижеше за мене додека работев за нив“, вели поранешна вработена.
„Но и покрај сјајот и гламурот, да се работи за кралското семејство е потешко од што мислите“, вели кралскиот фотограф Крис Џексон кој фотографирал сè од кралската венчавка на Кејт Мидлтон до појавувањата во јавност на Меган Маркл.
„Луѓето не се свесни за огромниот број на обврски што ги имаат кралските членови. Тие не знаат колку многу работи принцот Чарлс. Тој често има и по 8 кралски ангажмани на ден и нема време ниту за ручек, а тоа значи дека немам ниту јас“, вели тој.
„Еден ден го фотографирам Хари, друг ден кралицата, градам врски со нив и никогаш не ми здодејува да ја фотографирам кралицата. Најголем предизвик е да го испланирам денот бидејќи кралските обврски понекогаш се преклопуваат. Константно одлучувам што да покривам и се трудам време да го делам еднакво помеѓу сите членови на семејството“, вели Крис.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





