Ангела од Битола е кул матурантка во фустан со впечатлив крој - дизајниран од нејзината тетка

„Фустанот што го носев на мојата матурска прослава беше вистинско ремек-дело, создадено од рацете на мојата тетка, а најимпресивниот детаљ беше задниот дел со елегантно испреплетени врвки, кои додаваа драматичност“, вели Ангела Гарабиљевиќ (18) од Битола за CRNOBELO.com.

angela-od-bitola-e-kul-maturantka-vo-fustan-so-vpechatliv-kroj-dizajniran-od-nejzinata-tetka-01.jpg

Ангела Гарабиљевиќ (18) од Битола е матурантка во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Покрај училиштето, активно се занимава со глума и изучување на странски јазици - две области за кои вели дека ѝ овозможуваат да се изразува слободно, креативно и со страст, исто како и модата.

На нејзината матурска забава таа се појави во впечатлив фустан со специфичен крој, кој е креација на нејзината тетка, позната модна дизајнерка од Битола, Славица Јанкуловска – Цаци.

angela-od-bitola-e-kul-maturantka-vo-fustan-so-vpechatliv-kroj-dizajniran-od-nejzinata-tetka-09.jpg

За CRNOBELO.com Ангела открива детали за нејзиниот стајлинг:

„Фустанот што го носев на мојата матурска прослава беше вистинско ремек-дело, создадено од рацете на мојата тетка – реномиран моден дизајнер од Битола, чиј креативен печат се препознава во секој модел.

Целокупната идеја, од иницијалната замисла до конечната изработка, беше нејзина.

angela-od-bitola-e-kul-maturantka-vo-fustan-so-vpechatliv-kroj-dizajniran-od-nejzinata-tetka-04.jpg

Инспирирана од силуетата на корсетот, таа креираше уникатно парче со софистициран и женствен карактер, а најимпресивниот детаљ беше задниот дел со елегантно испреплетени врвки, кои додаваа драматичност и софистицираност на целокупниот изглед.

angela-od-bitola-e-kul-maturantka-vo-fustan-so-vpechatliv-kroj-dizajniran-od-nejzinata-tetka-15.jpg

Токму креативниот дух на мојата тетка, нејзиниот посебен пристап кон модата, како и храброста да експериментира со форми, материјали и силуети, ја прават уникатна во нејзината работа.

angela-od-bitola-e-kul-maturantka-vo-fustan-so-vpechatliv-kroj-dizajniran-od-nejzinata-tetka-12.jpg

Нејзината способност да создава екстравагантни, но префинети парчиња резултира со автентични изгледи кои оставаат впечаток, а токму таков беше и мојот матурски стајлинг.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Ангела Василевска, наша мисица, направи тематски 29-ти роденден - торта и аутфит со лимони, како на ... Ангела смени два аутфити, кратко фустанче со лимони и долга, жолта романтична кр...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Ангела Зимоска, наша докторка: „Кобниот ден на пожарот во Кочани бев дежурна на Клинички - лани, а к... „По целодневната работа, конечно се стиши после полноќ и помисливме дека ноќта ќ...

Најчитани неделава