Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Инсекти, дрога и порно: Чудни нешта што го добиле своето име во чест на познатите

Дрога во чест на Бритни Спирс и Кристина Агилера

После долга потрага, полицијата од Њујорк во 2014-та година уапсила двајца дилери на дрога. Нивното фаќање било тешко бидејќи тие си користеле свој „таен“ јазик.

За време на испрашувањето, момчињата изјавиле дека кристалниот кокаин го нарекувале Бритни Спирс, а кокаинот во прав Кристина Агилера. Причината била тоа што никој не би се посомневал доколку две момчиња си разговарале за поп пејачки.

insekti-droga-i-porno-chudni-neshta-shto-go-dobile-svoeto-ime-vo-chest-na-poznatite-05.jpg

Дињи во чест на Џастин Тимберлејк

Фармерите од Израел решиле да бидат покреативни при одбирањето име за нивниот нов вид диња и го крстиле Џастин Тимберлејк. Ова се случило во 2014-та година, кратко пред концертот на Џастин во Тел Авив.

Фармерите се надевале дека дињата ќе му донесе среќа на Тимберлејк и успех во неговата музичка кариера.

insekti-droga-i-porno-chudni-neshta-shto-go-dobile-svoeto-ime-vo-chest-na-poznatite-06.jpg

Инсект Бијонсе

Австралиските научници крстиле вид коњска мува во чест на Бијонсе, па официјално инсектот е регистриран како Scaptia (Plinthina) beyonceae. Интересно е што научникот Брајан Лесард ја добил идејата откако открил златни влакна на стомакот на инсектот. Ова, пак, го натерало да помисли на пејачката.

insekti-droga-i-porno-chudni-neshta-shto-go-dobile-svoeto-ime-vo-chest-na-poznatite-07.jpg

Болест Викторија Бекам

Викторија отсекогаш била позната по нејзината љубов кон големите модни додатоци, а токму ова било употребено против неа од лекарите. Тим истражувачи откриле дека оние кои носат големи чанти имаат поголеми шанси да страдаат од редовни болки во грбот и воспаление во рамената.

Па, синдромот го нарекле Poshitis. Како што веќе знаеме, Викторија долго време го имаше прекарот Пош (Posh).

insekti-droga-i-porno-chudni-neshta-shto-go-dobile-svoeto-ime-vo-chest-na-poznatite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 20... Покрај тужбите против Пи Диди и Џеј Зи, овде се Блејк Лајвли и Џастин Балдони и ...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg