Антониа во смел фустан, Лила во бисери - Што облекоа познатите на 17-тиот роденден на „Убавина и здравје“?
Калтрина Круезиу избра краток фустан со пердуви, а моделот Стефан Стефановски под црниот костум, наместо кошула или маичка - носеше кожени ремени. Како се дотераа познатите за роденденската прослава на магазинот „Убавина и здравје“?
Магазинот за нега, стил и здрави навики, „Убавина и здравје“, со голема забава, вчеравечер прослави 17 години постоење.
Гостите ги пречекаа домаќините на забавата, потоа доделија награди за општествена одговорност и хуманост, а вечерта продолжи со настапот на Елена Ристеска.
Елена Ристеска
А на забавата им дојдоа бројни пријатели, соработници и јавни личности.
Познатите Македонци ни овој пат не потфрлија со стилот и носеа впечатливи аутфити.
Боро Коса, Јована Стојменовиќ и Александар Блажевски
Лила се реши за бели панталони со корсет и многу бисери, Лара Иванова избра хеланки од тантела, Антониа Гиговска носеше смел црн фустан под кој се гледаше нејзиното фит тело, а Калтрина Круезиу избра краток фустан со пердуви.
Антониа Гиговска и Лила Филиповска
Повеќето мажи избраа сигурна варијанта - Иван Наумовски носеше целосно црна комбинација, Октај Сејди избра бели панталони со кошула во боја на шампањ, но имаше и смели избори, како оној на моделот Стефан Стефановски, кој под црниот костум, наместо кошула или маичка носеше кожени ремени.
Стефан Стефановски и Калтрина Круезиу
Погледнете што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“:
Лара Иванова со дечкото
Ксенија Николова
Цеце Николова
Лила Филиповска и Ива Спасовска
Калтрина Круезиу
Антониа Гиговска
Иван Наумовски
Марис Џолин
Теа Трајковска, Ивана Јанковска, Илариа Кирилов и Анастасија Димеска
Вера Мештеровиќ
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





