Фотографот на кралското семејство ги сподели неговите омилени фотки од нив годинава
- Детали
- вторник, 27 август 2019
Крис Џексон е кралски фотограф и има присуствувано на речиси секој кралски настан. Тој ги фотографираше венчавките и на Кејт и Вилијам, и на Хари и Меган, но и речиси секоја друга кралска свеченост.
Сега Крис решил да ги сподели неговите омилени фотографии од кралското семејство за оваа година, а можете да ги погледнете во продолжение.
Фотографија од парадата „Поздрав на боите“
Оваа фотографија од Кејт, Вилијам и нивните деца за време на свеченоста „Поздрав на боите“ е омилената на Крис.
„Секоја година, официјалниот роденден на кралицата е шарен настан со најдобрата церемонија во Велика Британија. Ова е можност да видиме поголем дел од кралското семејство заедно и да направиме одлични фотографии.“
Овој настан беше особено важен за семејството бидејќи нивниот најмал син, принцот Луи, прв пат се појави на балконот од палатата.
Фотографија од посетата на Доналд Трамп
Според Крис, овој момент е историски. Посетата на претседателот на САД ова лето си имаше своја доза контроверзии откако тој прозборe за Меган Маркл.
Наводно, Меган изјави дека ќе се пресели во Канада доколку е избран Трамп, на што тој одговори: „Не знаев дека е одвратна.“
Сепак, Крис изјавил дека лошиот публицитет немал влијание на посетата на Доналд.
„Луѓето имаат разни политички гледишта, но јас сум овде да ги документирам историските настани.“
Фотографија од Кејт кога добила посебна почест од кралицата
Оваа фотографија е направена за време на детска работилница за фотографирање.
„Детето на фотографијата беше навистина слатко и беше интересно да ги гледам како со страст разговараат за фотографија.“
Истиот ден Кејт беше прогласена за покровител на Кралското здружение на фотографи од страна на кралицата.
Моментот на Хари и Меган за време на нивното прво појавување после раѓањето на Арчи
Оваа фотографија е направена кратко по раѓањето на најновиот член на кралското семејство, Арчи.
„Војводата и војвотката од Сасекс споделуваат нежен момент додека се подготвуваат да го гледаат бејзбол натпреварот помеѓу Boston Red Sox и New York Yankees. На историскиот натпревар имаше неверојатна атмосфера.“
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





