Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Каков парфем носеле кралицата Елизабета, принцезата Дијана и Кејт Мидлтон на нивите венчавки?

Најчесто на венчавките целото внимание е свртено кон венчаницата, а кога ќе ги земете предвид раскошните венчаници на кралските невести, не е ни чудно што луѓето со години зборуваат за нив.

kakov-parfem-nosele-kraicata-elizabeta-princezata-dijana-i-kejt-midlton-na-nivnite-venchavki-01.jpg

Можеби овие венчаници се само фантазија за нас, но дали сте помислиле на нивните парфеми? Парфемите се сепак подостапни за нас, па и вие можете да мирисате како принцеза.

Погледнете кои се парфемите што ги носеле Елизабета, Дијана и Кејт на нивните венчавки:

Кралицата Елизабета

За жал, не постојат точни информации за парфемот што го носела кралицата нејзината венчавка во 1947-ма година.

Сепак, најверојатно носела парфем од компанијата Floris. Оваа семејна парфимерија го снабдува кралското семејство уште од 1820-та година, а нивните парфеми до денес се омилените на Кралицата.

Од Floris немаат откриено кој е омилениот парфем на кралицата, но експертите сметаат дека најверојатно е White Rose. Овој парфем има основа од мошус, со ноти од роза, јасмин и каранфил.

kakov-parfem-nosele-kraicata-elizabeta-princezata-dijana-i-kejt-midlton-na-nivnite-venchavki-02.jpg

Принцезата Дијана

За време на венчавката во 1981-ва година, парфемот на Дијана Спенсер речиси предизвикал хаос. Мејк-ап артистката на Дијана, Барбара Дели, открила дека принцезата случајно истурила парфем на нејзиниот фустан додека се обидувала да го нанесе на зглобовите.

За среќа, Барбара ѝ покажала трик со кој ќе ја скрие дамката – ѝ рекла да го држи фустанот каде што е дамката, така што ќе изгледа како да го крева од земјата.

Парфемот што го носела Дијана бил Quelques Fleurs L’Original од Houbigant. Француската компанија го опишува парфемот како сензуален мирис со ноти на јасмин, тубероза, сандалово дрво и момина солза.

kakov-parfem-nosele-kraicata-elizabeta-princezata-dijana-i-kejt-midlton-na-nivnite-venchavki-03.jpg

Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ носела помалку познат парфем на нејзината венчавка во 2011-та година.

Брендот Illuminum се наоѓа на пазарот само 10 години, а парфемот што го одбрала Кејт е White Gardenia Petals.

Парфемот се одликува со женствени носи на гарденија, јасмин и момина солза. Штом јавноста дозна за ова, парфемот веднаш бил распродаден.

kakov-parfem-nosele-kraicata-elizabeta-princezata-dijana-i-kejt-midlton-na-nivnite-venchavki-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Непристојно за гледање“ – Најтажната принцеза на светот критикувана заради скандалозните фотки со н... Се појавија гласини дека нивниот брак е чиста формалност, па принцезата на Монак...
Гласини дека имала компликации заради булимија – Кејт Мидлтон пуштена од болница по 2 недели „Се верува дека на Кејт морало итно да ѝ биде направена операција заради оштетув...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Пропаста на ѕвездата од Baywatch, Јасмин Блит: Ја избркаа од серијата бидејќи била под наркотици пос... „Од честото користење кокаин, имав инфекција на носот. А, кога го дував носот, м...
Била опседната со бившиот дечко, имала навредлив прекар – Помалку познати факти за Кејт Мидлтон Била бунтовна девојка која им го покажала голиот задник на колегите на факултет ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg