Што ќе јадат и пијат познатите на забавата после доделувањето на Еми наградите?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 21-10-2019


Што ќе јадат и пијат познатите на забавата после доделувањето на Еми наградите?

Овогодишните Еми награди ќе се одржат на 23-ти септември, а после доделувањето, најголемите ѕвезди ќе се упатат кон L.A. LIVE Event Deck за годишниот бал.

shto-kje-jadat-i-pijat-poznatite-na-zabavata-posle-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-01.jpg

За храната и пијалаците на балот ќе биде заслужен Јоаким Сличал, готвач и основач на Patina Catering.

Ова ќе му биде 24-та година по ред да биде одговорен за забавата.

shto-kje-jadat-i-pijat-poznatite-na-zabavata-posle-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-02.jpg

Темата на овогодишниот бал ќе биде „Брилијантност во движење“ (Brilliance in Motion), а Јоаким и неговиот тим ќе ја избегнат класичната вечера со седење и ќе ја заменат со елегантна и раздвижена гозба.

Низ прекрасно декорираната просторија постојано ќе се движат келнери со мали порции и ордевери, на кои ќе се наоѓаат јастог и Burrata сирење, сашими со жолтоперка, паеља Валенсија, колачиња од ракчиња и ребра во црвено вино.

shto-kje-jadat-i-pijat-poznatite-na-zabavata-posle-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-03.jpg

Истовремено, ќе има вегански и вегетаријански опции, кои ќе вклучуваат „тартар“ од домати, јапонски модар патлиџан, фрити од прокељ, салата и равиоли од пченка.

Ќе биде достапна и храна од веганскиот бренд Beyond Meat.

Низ просторијата ќе има и станици со оброци, каде што ќе има порции со телешко, чедар, компири и салата.

shto-kje-jadat-i-pijat-poznatite-na-zabavata-posle-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-04.jpg

За десерт ќе има мини милкшејк, веганска тапиока со малина и чиа, чоколадни браунис, шеќерни колачиња со цимет и италијански пудинг Budino.

shto-kje-jadat-i-pijat-poznatite-na-zabavata-posle-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-05.jpg

Италијанската винарија Ferrari Trento и винаријата Sterling Vineyards ќе бидат одговорни за виното на 71-вото доделување на наградите.

Гостите ќе можат да го пробаат Platinum Cabernet Sauvignon од 2015-та година на Sterling Vineyards, а оние што ќе освојат награда, дома ќе понесат персонализирано шише Iridium Cabernet Sauvignon од 2015-та година.

shto-kje-jadat-i-pijat-poznatite-na-zabavata-posle-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-06.jpg

Од винаријата Ferrari Trento ќе биде понуден шампањ Blanc de Blancs Ferrari Brut, розе вино Ferrari Burt Rose и неколку винтиџ избори.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

51-годишниот Дејвид Гета со 24 години помладата девојка на плажа на Ма... Во минималистичко бело бикини бринетата со француско потекло го покажа своето то...
69-годишниот Флавио Бриаторе во Италија со 30 години помладата бивша с... Тие беа еден од најконтроверзните парови, но иако се разведоа во 2018 година, ос...
69-годишниот Ричард Гир со сопругата и 6-месечното синче на одмор во И... Актерот на чиј шарм „паѓаа“ многу жени во минатото, денес на 69 години е горд та...