Како изгледаат внуците на најпознатите дедовци во светот?

Мажите можат да бидат најстрогите татковци, но како целосно да се менуваат кога ќе добијат внуци.

kako-izgledaat-vnucite-na-najpoznatite-dedovci-vo-svetot-01.jpg

И познатите не се исклучок – дел од најпознатите холивудски заводници се веќе дедовци, а изгледа како нивните внуци да ги претвориле во сосема други личности.

Во продолжение погледнете како изгледаат внуците на некои од најпознатите дедовци во светот:

Снуп Дог и неговото големо семејство

Кога ќе слушнете за Снуп Дог, веројатно помислувате на убави жени, скапи автомобили и огромен златен накит.

Можеби е таков на сцена, но во приватниот живот раперот е навистина грижлив дедо на две внучиња.

Интересно е што редовно споделува фотографии од нив, а фановите сè уште не можат да се навикнат на „новиот“ Снуп.

kako-izgledaat-vnucite-na-najpoznatite-dedovci-vo-svetot-02.jpg

Тил Линдеман и внукот Фриц

Тил е дел од германскиот метал бенд Rammstein и ретко кој може да си го замисли како дедо.

На само 22-годишна возраст, Тил стана самохран татко. Тој долго време сам се грижеше за ќерка си, пред повторно да стапи во брак. Од вториот брак доби уште една ќерка, а во 2017-та стана горд дедо на внукот Фриц Фидел.

Интересно е што Фриц е голем фан на Rammstein.

kako-izgledaat-vnucite-na-najpoznatite-dedovci-vo-svetot-03.jpg

Николас Кејџ и внуците

Николас Кејџ има 2 внуци. Во 2014-та се роди Лусија, а во 2016-та Сорин.

И покрај натрупаниот распоред, Николас дава сè од себе за да биде со нив.

kako-izgledaat-vnucite-na-najpoznatite-dedovci-vo-svetot-04.jpg

Кид Рок и внуката Скај

Кид Рок стана дедо на 43-годишна возраст. Веднаш по раѓањето на внуката Скај, пејачот како да се смири и ретко кога е во неволја.

Познатиот рокер ја обожава внука си, ја носи во Дизниленд, ѝ купува подароци и редовно споделува фотографии со неа на социјалните мрежи.

kako-izgledaat-vnucite-na-najpoznatite-dedovci-vo-svetot-05.jpg

И Џим Кери е дедо

Холивудскиот комичар стана дедо на 48-годишна возраст, а неколкупати има изјавено дека внукот му е најголема среќа.

„Многу сум среќен што имам внук. Еднаш додека си игравме сфатив дека би умрел без него!“, сподели актерот на Twitter.

kako-izgledaat-vnucite-na-najpoznatite-dedovci-vo-svetot-06.jpg

Еди Марфи и внуката Еви Исла

Еди Марфи има огромно семејство – тој е татко на 4 сина и 6 ќерки. Во јули 2019-та, актерот стана и дедо.

Малата Еви Исла е опкружена со љубов уште од самото раѓање, а социјалните мрежи се преплавени со нејзини фотографии.

kako-izgledaat-vnucite-na-najpoznatite-dedovci-vo-svetot-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Беа разделени поради неверство, имаат деца и внуци: Љубовта на Снуп Дог и сопругата трае скоро 30 го... Иако можеби е тешко да се замисли, Снуп Дог е посветен на семејството. Со сопруг...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...

Најчитани неделава