Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати актери кои речиси си ја уништија кариерата, но се „вратија на нозе“

Меган Фокс

Меган му беше колешка на Шиа во „Transformers“ и ја направи истата грешка како него. Но, таа го критикуваше режисерот Мајкл Беј, па дури и го нарече диктатор.

Ова имаше големо влијание врз кариерата на Меган, но наводно, таа и режисерот ја смириле ситуацијата, па дури се добри пријатели.

Меган вели дека оттогаш созреала многу и дека мајчинството е тоа што ја натерало да го погледне животот од друга перспектива.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-06.jpg

Кристијан Бејл

Како отсекогаш да постоеле гласини дека Кристијан има проблеми со темпераментот. Гласините се потврдија за време на снимањето „Terminator 4: Salvation“, кога во јавност излезеснимка на која се гледа како актерот му вика на некој од филмската екипа.

Но наместо да се обидува да се оправда, актерот се соочи со неговите постапки и се извини.

„Немам никаков изговор. Сакам да нагласам колку сум засрамен. Само сакам сите да се запрашат дали имале лош ден кога го изгубиле темпераментот. Навистина жалам за она што го направив“, изјави тој.

Оттогаш актерот се појави во неколку одлични филмови и може да се каже дека неговата кариера е стабилна.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-07.jpg

Кетрин Хејгл

Кетрин се прослави со серијата „Grey’s Anatomy“, но и таа имала проблеми со однесувањето.

Во 2008-ма, актерката одби да учествува во трката за Еми награда бидејќи наводно, ѝ дале многу малку материјал за работа во тогаш последната сезона од серијата.

Откако беше критикувана од многу колеги за слични испади, Кетрин ги изгуби речиси сите можности за добра улога.

Со текот на времето, актерката размислила за нејзиното однесување, па сега може да се пофали со неколку филмски проекти, но и кампањи за разни донации.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-08.jpg

Алек Болдвин

Алек е одличен пример за личност која направила огромна грешка, ги претрпела последиците и одново се изградила.

Во 2007-ма, после мачниот развод, Алек ја започна битката за старателството над неговата ќерка. Токму ова го направило навистина гневна личност.

Бидејќи еднаш не можел да разговара со ќерка му, оставил порака со многу погрдни зборови. Поради оваа порака актерот го изгуби старателството.

Но, тој не се откажа, си ја научи лекцијата од минатото, па дури напиша и книга за тој период.

Во меѓувреме, Алек го среди и односот со ќерка му, која денес е горда на нејзиниот татко.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg