Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати актери кои речиси си ја уништија кариерата, но се „вратија на нозе“

На секој му се случува да донесе лоша одлука. Но кога ќе направите многу лоши одлуки по ред, лесно можете да си го уништите животот.

akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-01.jpg

Изгледа славата и парите не ве прават имуни на ова, па голем број познати поминале навистина тежок период во нивниот живот.

Сепак, без разлика дали се справувале со алкохолизам, друга зависност или проблеми со однесувањето, тие успеале да го надминат тоа и да им станат инспирација на другите.

Погледнете ги познатите кои направиле многу грешки во животот, решиле да ги поправат и станале многу подобра верзија од себе:

Линдзи Лохан

Ако се сеќавате на 90-тите, веројатно се сеќавате и на малата црвенокоса Линдзи.

Актерката ги воодушеви критичарите уште од најрана возраст со улогата во „The Parent Trap“. Ова е филм што ѝ донесе светска слава, а во тинејџерките години го повтори успехот со „Mean Girls“.

На Линдзи ѝ се предвидуваше светла иднина, но многуте забави и проблемите со законот го засенија нејзиниот талент.

Всушност, актерката многупати беше нарекувана неодговорна и непрофесионална, а изгуби и голем број проекти.

За среќа, Линдзи реши да си го врати животот во колосек и да го остави лошото минато зад себе. Во 2018-та актерката отвори одморалиште на Миконос и ја започна нејзината бизнис кариера.

„Јас сум таа што сум. Јас сум добра личност. Се грижам за себе. Здрава сум. Сакам да се забавувам“, изјави актерката.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-02.jpg

Мел Гибсон

Актерот и режисер може да се пофали со импресивна кариера, но и со многу контроверзии.

Мел имаше неколку насилни епизоди поради злоупотребата на алкохол. Во некои интервјуа, пак, нападна одредени социјални групи и бидејќи одбиваше да се извини, изгуби и многу фанови.

Но, според медиумите, актерот решил да го среди својот живот и се пријавил на рехабилитација. Истовремено, почнал да оди и на терапија, со цел полесно да се справи со гневот.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-03.jpg

Винона Рајдер

Винона е уште една актерка чија кариера цутеше во 90-тите. Во „Edward Scissorhands“ и „Girl Interrupted“ Винона го покажа нејзиниот талент и беше актерка која ветува многу.

Но, за жал, тој период актерката започнала и борба со депресијата.

„Беше иронично бидејќи сите мислеа дека ми се случува нешто големо и немам причина да бидам депресивна. Можеби тоа беше врвот на мојата кариера, но во себе се чувствував изгубено“, изјави Винона за еден од најмрачните периоди во нејзиниот живот.

Депресијата очигледно имаше големо влијание на нејзината кариера и таа испушти многу добри можности.

Но, денес Винона се чувствува одлично, па дури има улога во популарната серија „Stranger Things“.

„Сакам да бидам добра личност која води здрав живот и која се чувствува добро. Истовремено, се чувствувам благословена како актерка“, изјави таа во едно интервју.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-04.jpg

Шиа Лабаф

За актерот кој беше дел од големи проекти, како серијалот „Transformers“, е познато дека има тежок карактер. Но можеби најголемата грешка му беше кога изјави дека работењето со Стивен Спилберг не е нешто посебно.

Нормално, кога ќе кажете нешто вакво за еден од најценетите режисери на денешницата, многумина ќе ви го свртат грбот.

Неодамна актерот изјави дека откако престанал да работи на големи проекти, подобро си ја организирал кариерата. Наводно, дури сега почувствувал дека навистина созреал и се зближил со неговото семејство како никогаш претходно.

poznati-akteri-koi-rechisi-si-ja-unishtija-karierata-no-se-vratija-na-noze-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg