Планирала да најми убиец и уште неколку мрачни факти за животот на Анџелина Џоли

Без разлика дали ја сакате или мразите, Анџелина Џоли сепак е една од најпопуларните холивудски актерки.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-01.JPG

Иако била родена во семејство актери и пораснала на Беверли Хилс, таа секогаш се чувствувала како отпадник. Никогаш немала пари колку нејзините соученици, имала колекција ножеви и поминала низ „готска“ фаза.

Анџелина се има справувано и со депресија, има многу неуспешни врски, но има добиено Оскар и се покажа како една од подобрите актерки што сме ги виделе изминативе две децении.

Во продолжение погледнете како изгледал бурниот живот на Анџелина низ неколку фотографии:

Тешко детство

Анџелина е родена во 1975-та, а нејзините родители се актерите Џон Војт и Маршелин Бертран. И нејзиниот брат, Џејмс Хевен, гради кариера во филмската индустрија.

Родителите на Анџелина се разделија во 1976-та, а актерката и брат ѝ живееле со мајка им.

Маршелин се откажала од нејзината актерска кариера, само за да се грижи за своите деца.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-02.JPG

Прво појавување пред камера

Доколку сте го гледале „Lookin‘ to Get Out“, тогаш знаете дека станува збор за навистина лош филм. Но, ова е првото (многу кратко) филмско појавување на малата Џоли.

Заедно со нејзиниот татко, тогаш 5-годишната Анџелина за првпат се појавува во филм.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-03.JPG

Тинејџерски години и лекции од Ли Стразберг

Исто како мајка ѝ, и Анџелина ја изучувала глумата на Lee Strasberg Theatre Institute. Подоцна актерката го продолжила образованието на филмската школа во New York University.

Интересно е што таа завршила и дописен курс за организатор на погреби.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-04.JPG

Лош период во Беверли Хилс

Додека таткото на Анџелина уживал во славата и воглавно бил отустен од нејзиниот живот, Анџелина, заедно со мајка ѝ и брат ѝ, живеела скромно на Беверли Хилс.

Кога актерката се запишала во средното Beverly Hills High School, воопшто не била популарна. Всушност, Џоли се чувствувала како отпадник.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-05.JPG

Друго училиште и тетоважи

Веројатно кога Анџелина се запишала во средното училиште Moreno, се чувствувала поприфатено.

Тој период почнала нејзината „готска“ фаза, се облекувала само во црно и си направила неколку тетоважи.

Истовремено, нејзината мајка ѝ дозволила нејзиното тогашно момче да живее со нив.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-06.JPG

Депресија, самоповредување и мисли за самоубиство

Во периодот кога Анџелина беше во брак со Били Боб Торнтон, страдала од депресија, па дури размислувала и за самоубиство.

Бидејќи не сакала нејзините блиски да знаат дека си го одзела животот, планирала да најми убиец, па нејзината смрт да изгледа како мистериозно убиство.

Анџелина минувала низ многу тежок период, се повредувала себеси, но за среќа, наскоро нештата ќе тргнат на подобро.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-07.JPG

Врската со нејзиниот татко

Анџелина гледала како нејзиниот татко станувал филмска ѕвезда, додека мајка ѝ жртвувала сè за децата и едвај сврзувал крај со крај.

Кога Џон, нејзиниот татко, бил во близина, со него секогаш имало и камери. Анџелина сфатила дека татко ѝ сака да глуми добар родител пред камерите, но не и да го практикува тоа во реалноста.

Денес можеби врската не им се совршена, но барем се во подобри односи.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-08.JPG

Големиот успех

Во 1999-та излезе филмот „Girl Interrupted“, направен според вистинската приказна на Сузана Кајсен. Филмот раскажува за девојка со менталното нарушување (Винона Рајдер) која завршува во институција и се зближува со чудната Лиса (Анџелина Џоли).

Оваа улога ѝ помогна на Џоли да се пробие во Холивуд, а дури и донесе и Оскар за најдобра споредна улога.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-09.JPG

Медокс и нејзиното спасение

Знаевте ли дека Анџелина никогаш не помислувала да има деца?

Во 2002-ра, актерката го минувала најтешкиот период од животот и тогаш го посвои Медокс.

Ова било вистинско спасение за неа. Актерката има изјавено дека кога го држите вашето дете во раце, не можете да размислувате за смрт.

Благодарение на Медокс, Анџелина почнала поретко да размислува за себе, а повеќе за другите, и со текот на времето ја надминала тешката ситуација.

burniot-zhivot-na-angelina-jolie-niz-fotografii-10.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со ... Анџелина во една прилика рече дека кога го видела како 3-месечно бебе не можела ...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
„Пак би имала секс со Бред Пит, го откачив Леонардо ди Каприо“ – Гвинет Палтроу раскажа за поранешни... „Со Бред имавме неверојатна хемија во сексот, а Бен беше техники одличен во крев...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg