Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Гал Гадот и уште 7 познати личности кои служеле војска

Речиси сите ѕвезди имале друга кариера пред да се пробијат во светот на шоу бизнисот.

8-poznati-lichnosti-koi-sluzhele-vojska-01.jpg

Некои биле продавачи, некои хигиеничари, некои наставници, а некои, пак, служеле и војска.

Погледнете кои познати личности во минатото биле и војници:

Чак Норис

Чак Норис има црн појас во Танг Су До и е познат по владеењето на неколку боречки вештини. Она што многумина не го знаат е дека голем дел од вештините ги научил додека бил во војска.

Чак ѝ се придружил на војската, односно на воздушните сили на 18-годишна возраст. На почетокот бил стациониран во Кореја, а неговата воена кариера завршила во 1962-ра.

Веднаш после тоа почнал да држи часови по боречки вештини, а со текот на времето оваа љубов ја префрли и на екран.

8-poznati-lichnosti-koi-sluzhele-vojska-02.jpg

Клинт Иствуд

Клинт Иствуд е познат и како одличен актер, но и многу добар продуцент и режисер.

Неговиот филм од 2015-та, American Sniper, освои неколку награди, вклучувајќи и Оскар, и е многу личен за Клинт.

Во периодот на Корејската војна, Клинт служел војска. Бил стациониран во Калифорнија, од 1951 до 1952, каде што бил инструктор по пливање и спасувач.

8-poznati-lichnosti-koi-sluzhele-vojska-03jpg.jpg

Ice-T

Пред да стане славен, раперот имал навистина тежок живот. Уште како дете сведочел на разни криминални дела, а токму ова му овозможило да рапува за насилството и неговото влијание врз децата.

Пред да ја започне кариерата во 1980-тите, раперот служел четири години во Армијата на САД и бил позициониран на Хаваи.

8-poznati-lichnosti-koi-sluzhele-vojska-04.jpg

Морган Фримен

Морган Фримен е еден од најдобрите холивудски актери и има направено многу за филмската индустрија.

Но, знаевте ли дека во минатото бил дел од Армијата на САД, односно воздушните сили?

Морган ја почнал службата во 1955, кога имал 18 години.

8-poznati-lichnosti-koi-sluzhele-vojska-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Таа имаше 19 години, тој 50: Љубовта на Миа Фароу и Френк Синатра е една од најбурните во Холивуд Се запознале на снимање филм, па и покрај разликата од преку 30 години, двајцата...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg