Напад со нож, сообраќајна незгода: Какви приказни кријат лузните на познатите?

Киану Ривс

Киану има огромна лузна на стомакот, што ја добил во несреќа со мотор – актерот возел навечер, со исклучени светла.

После несреќата, тој бил хоспитализиран цела недела и имал неколку скршени ребра. Актерот поминал половина час лежејќи на асфалтот пред да пристигне помош.

„Се сеќавам дека барав помош. И, некој ми одговори од темницата и се појавија светлата од брза помош“, се присетува Киану.

kakvi-prikazni-krijat-luznite-na-poznatite-06.jpg

Харисон Форд

Познатиот актер ја добил лузната на брадата во 1964-та, кога се преселил во Лос Анџелес со надеж да започне холивудска кариера.

Додека возел кон своето тогашно работно место, сфатил дека заборавил да го стави безбедносниот појас. Па, додека се обидувал да го намести, изгубил контрола и со автомобилот удрил во бандера.

Судирот бил толку силен, што Харисон си ја удрил брадата од воланот, а потоа излетал низ шофершајбната.

kakvi-prikazni-krijat-luznite-na-poznatite-07.jpg

Квин Латифа

Актерката има лузна на челото што ја добила на 3-годишна возраст.

Таа си играла со нејзиниот брат, но се сопнала и се удрила од работ на ѕид во домот. Откако ѝ ја зашиле раната со три конци, таа повторно паднала и ја отворила.

kakvi-prikazni-krijat-luznite-na-poznatite-08.jpg

Хоакин Феникс

Актерот има лузна помеѓу носот и устата, која е последица од поблага форма на таканаречената зајачка уста. Ова е вродена аномалија што може да се среди со операција.

kakvi-prikazni-krijat-luznite-na-poznatite-09.jpg

Ед Ширан

Ед Ширан, заедно со Џејмс Блант, има раскажано интересна приказна за неговата лузна – ја добил откако принцезата Беатриче на шега се обидувала да го направи витез и го исекла со меч.

Се разбира, ова е само шега и пејачот се исекол додека бил пијан.

kakvi-prikazni-krijat-luznite-na-poznatite-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg