Фото докази дека Кристен Стјуарт е совршен избор за улогата како принцезата Дијана – изгледа ѝ била инспирација
- Детали
- петок, 19 јуни 2020
Во средата се дозна дека Кристен Стјуарт ќе ја глуми принцезата Дијана во филмот „Spencer“.
Ова е драма која ќе се фокусира на еден викенд од 1990-тите, кога Дијана сфатила дека бракот со Чарлс пропаѓа и дека никогаш нема да стане кралица на Англија.
Филмот ќе го режира Пабло Лараин, кој веќе има правено филмови за моќни жени од минатото. Пабло е најпознат по филот „Jackie“, кој ја раскажува приказната на Џеки Кенеди.
„Кристен е една од најдобрите актерки на денешницата. За добро да го сработиме ова, потребно ни е нешто многу важно – мистерија. Кристен може да биде многу нешта, и може да биде многу мистериозна и многу кршлива, но и силна во исто време. Нам ни треба токму тоа“, изјави режисерот.
Фановите се поделени во врска со изборот на Пабло, но следниве фотографии ќе ви покажат дека Кристен најверојатно е совршена за оваа улога.
Секако, голема е веројатноста да се работи за случајност и да не го правела намерно, но низ годините Кристен многупати потсетувала на принцезата Дијана:
Кристен на Мет галата во 2010-та и Дијана во 1994-та на забава на Vanity Fair
Кристен во шоуто на Џеј Лено во 2011-та и Дијана во Венеција
И двете жени изгледаат неверојатно со одело
Кристен на проекција на „Snow White and the Huntsman“ во 2011-та и Дијана на посета на Кралското географско здружение во 1997-ма
Актерката во малку помодерна верзија од балскиот фустан на Дијана
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





