9 знаци дека Дијана се чувствувала мизерно во бракот со принцот Чарлс
Плачела на кралска турнеја, 2 години по свадбата, и уште неколку докази дека Дијана била несреќна со Чарлс.

Бракот на принцезата Дијана и принцот Чарлс бил осуден на пропаст од повеќе причини, но главната е што Дијана се чувствувала мизерно, а Чарлс не забележувал.
Во текот на годините многу фотографи на кралскиот пар случајно овековечија моменти на кои се гледа дека Дијана била несреќна.
Велат дека една фотографија говори илјада зборови, а фотографиите од кралскиот пар дефинитивно говорат за нивниот ужасен однос.
Дури и пред да стапат во брак имало суптилни знаци дека нивниот брак нема да успее, а првиот бил што Чарлс сѐ уште бил вљубен во својата поранешна девојка Камила Паркер Боулс, која во тој миг се омажила со друг.

Принцот Чарлс едвај ја знаел Дијана кога ја запросил.

На едно интервју околу свршувачката, на прашањето дали е вљубен во Дијана, Чарлс одговорил: „Што значи да си вљубен“, а на денот на венчавката Камила се појавила на свадбата, а Дијана, наместо да ужива во својот голем ден, зјапала во неа, а за глетката кажа дека ѝ останала како свеж спомен.

Нивниот брак бил осуден на пропаст уште пред да кажат „Да“, а за тоа биле свесни и сите околу нив.

Свадбата била во 1981 година, а веќе во 1983 година на кралската турнеја во Австралија и Нов Зеланд Дијана ја покажала својата емотивна страна и била фотографирана како плаче.

Уште 4 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе...
„Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк...
Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
