Нови детали зошто Меган Маркл е иритантен лик за кралското семејство


Нови детали зошто Меган Маркл е иритантен лик за кралското семејство

Таа ги скарала принцот Хари и принцот Вилијам со преголемите апетити за свадбата и огромната сума потрошени пари.

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-01.jpg

Новата книга за кралското семејство „Royals At War“ повторно открива мрачни детали за карактерот на Меган Маркл.

Таа од старт била со поставени многу високи стандарди за сѐ и имала холивудско надмено однесување.

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-03.jpg

Меган, која моментално живее во вила од 18 милиони долари со принцот Хари и 13-месечниот син, кога била дел од кралското семејство станувала уште од 5 часот наутро и почнувала да го бомбардира персоналот со телефонски пораки што сѐ треба да сторат.

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-02.jpg

Таа била тешка за соработка и немала почит кон вработените. Токму и затоа многумина од нив си дале и отказ. Дури и кога членови на обезбедувањето ѝ давале совети за нејзината безбедност таа не прифаќала ништо и на своја рака преземала ризици.

Меган била фрустрирана што нејзиниот глас во кралското семејство не бил ценет. Не ја почитувала хиерархијата во палатата.

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-05.jpg

Кралското семејство уште од старт било загрижено дека принцот Хари избрзува што стапува во брак со Меган, а Кејт Мидлтон дури и отворено го предупредила за тоа.

Дел од причините за кавгата помеѓу Хари и Вилијам се открива дека биле големите апетити на Меган и огромното трошење на пари за организација на свадбата со Хари.

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-06.jpg

Инаку според психолозите, Хари бил магнетски привлечен кон амбициозната и самоуверена Меган затоа што таа потсвесно го потсетувала на неговата силна мајка принцезата Дијана, која ја изгубил во ранливи години.

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-07.jpg

Сепак, Меган била сѐ спротивно од тоа што биле другите кралски членови, но Хари не ги послушал предупредувањата, туку од старт заклучил дека сите имаат нешто против него и неговата избраничка.

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-11.jpg

novi-detali-zoshto-megan-markl-e-iritantno-sushtestvo-za-kralskoto-semejstvo-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од синчето на Тамара Тодевска Нашата евровизиска претставничка е горда мајка на Хана и Дарен и постојано прика...
Зошто Меган Маркл секогаш ги држи дланките споени? Споените дланки на Меган Маркл не се ниту случајност, ниту незначаен гест – всуш...
Како Меган Маркл и принцот Хари му се најдоа на мета на Доналд Трамп? Американскиот претседател се огласи на Твитер дека нема да им плаќа обезбедување...

Најчитани неделава