Албанската пејачка Дуа Липа со најсмелите фотки досега - бикини божица на рајски остров на Карибите
- Детали
- понеделник, 06 јули 2020
24-годишната пејачка, која има родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години, ужива на рајско островче на Карибите со момчето.
Дуа Липа, албанската пејачка што постигна светска слава, ужива на рајски остров. Таа со своето момче Анвар Хадид е на островот St Lucia.
24-годишната пејачка објави провокативни фотографии во минималистички црни бикини и покажа дека има неверојатно бикини тело и дека изгледа прекрасно и без грам шминка на себе.
Таа за своето 21-годишно момче често дава љубовни изјави и вели дека со него покрај себе сѐ во животот ѝ е подобро. Вели дека заедно читаат, готват и играат видео игри и им е убаво без разлика на кој крај од светот се.
Инаку, Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Лондон, Обединетото Кралство, во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години.
Фотки од Дуа Липа:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





