Адам Левин не дава автограми на „грди девојки“ – славни личности кои не би сакале да ги сретнете во живо


Адам Левин не дава автограми на „грди девојки“ – славни личности кои не би сакале да ги сретнете во живо

И славните се само луѓе со сите вообичаени карактеристики, па дури и оние лошите.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-01.jpg

Речиси сите сонуваме да се запознаеме со барем еден од нашите идоли, но многу од оние кои ја имале оваа можност биле потполно разочарани.

Дали поради постојаниот притисок од јавноста и папараците, или само затоа што се лоши личности, многу славни се однесуваат навистина лошо, па дури и арогантно кон нивните фанови.

Во продолжение погледнете какво било искуството на фановите со некои од најпознатите славни личности:

Џастин Бибер плукал по фановите

Кога една девојка го замолила Џастин да се фотографираат, тој ѝ рекол дека се згрозил од нејзиното непочитување.

Во 2016-та, пак, пејачот им се развика на неколку фанови бидејќи разговарале за време на негов концерт, а во 2013-та се појавија фотографии на кои се гледа дека пејачот плука од балкон по неговите фанови.

Набрзо потоа се појави информација дека под балконот немало никој, но некои фанови тврдат дека тоа е лага.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-02.jpg

Кетрин Зита Џонс понижила 8-годишно дете

Кога една девојка имала 8 години, отишла да го гледа The Mask of Zorro, на проекција на којашто присуствувала и Кетрин. После филмот, таа возбудено ѝ рекла на Кетрин дека сакала да биде актерка:

„Таа се сврте кон мене, ме погледна и ми рече ’Доволно си убава, претпоставувам‘. Од тој момент постојано мислам на тоа дека другите ми судат според изгледот“, вели разочараната девојка.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-03.jpg

Кристијан Бејл расплакал мали девојчиња

За актерот е веќе познато дека е арогантен на филмскиот сет, но изгледа ваков бил и во секојдневието. Според личност блиска до актерот, Кристијан бил ужасен кон неговите фанови, до тој степен што неколкупати расплакал мали девојчиња со неговите зборови.

Актерот и во неколку ситуации зборувал за тоа колку ги мрази фановите.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-04.jpg

Ријана малтретирала фан онлајн

Во мај 2014-та, 16-годишната Алексис си направила комбинезон за матурската вечер инспириран од познатата пејачка. Ријана, пак, направила „ретвит“ не нејзината објава, исмејувајќи ја креацијата на Алексис.

„Таа дефинитивно не ги сака нејзините фанови како што вели дека ги сака“, вели Алексис.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-05.jpg

Аријана Гранде барала да бришат фотографии од неа

Во 2013-та, Ден О’Конор и неговите ќерки имале можност да ја сретнат Аријана, откако победиле на натпревар организиран од MTV, VH1 и Pepsi.

После цел ден чекање, конечно ја запознале Аријана, но таа поминала само 15 секунди со нив. Истовремено, тие направиле неколку селфиња со пејачката, но таа им наредила да ги избришат.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-06.jpg

Адам Левин не давал автограми на „грди девојки“

Фронтменот на Maroon 5 има бројни обожавателки ширум целиот свет, но изгледа не ги заслужува. Според еден корисник на Reddit, пејачот одбил да ѝ даде автограм на една обожавателка, велејќи:

„Не давам автограми на грди девојки“.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-07.jpg

Брус Вилис им се развикал на мали деца

Во 1996-та, Брус Вилис и неговата тогашна сопруга Деми Мур отишле во пицерија во Атланта. Според еден од вработените, некое 10-годишно дете кое било во пицеријата го препознало актерот, покажало кон него и му се насмевнало.

Тогаш актерот станал и му се развикал на детето бидејќи му го прекинало ручекот.

rijana-gi-ismejuva-nejzinite-fanovi-slavni-lichnosti-koi-ne-bi-sakale-da-gi-sretnete-vo-zhivo-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои машки ѕвезди се меѓу највисоките во Холивуд? Ви откриваме кои се десетте машки ѕвезди на филмот, чија висина им е дополнителе...
Славни дами кои не јадат месо Вегетаријанството стана многу популарен начин на живот во последно време и се чи...
Славни мажи кои имале афери со дадилки Тешко е да се остане верен во Холивуд, тоа веќе на сите ни е добро познато. Секо...

Најчитани неделава