Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ова е за Криси“ – По загубата на бебето, Џон Леџенд со насолзени очи ја изведе Never Break на Billboard наградите

На 14-ти октомври се одржа доделувањето на Billboard Music Awards, а покрај другите изведувачи, на сцената се качи и Џон Леџенд, кој ѝ ја посвети изведбата на Криси, со која неодамна го изгубија бебето од третата бременост.

ova-e-za-krisi-dzhon-ledzhend-so-nasolzeni-ochi-ja-izvede-never-break-na-billboard-music-awards-001.jpg

Откако се соочија со спонтан абортус и трагична загуба на третото бебе, Џон ѝ ја посвети изведбата на Never Break на својата сакана Криси. Пред да почне со настапот, тој беше претставен од Кели Кларксон која, пак, беше водителка на настанот.

„Сакам да одвојам момент да зборувам за пријател кој секојдневно ме инспирира. Не само како музичар, текстописец, туку како човек. Џон Леџенд е еден од моите омилени луѓе на оваа планета и не е воопшто тешко сите да го мислиме истото за него и Криси, бидејќи тие на топол начин ни дозволуваат да ѕирнеме во нивниот свет – ни ги покажуваат и добрите и лошите нешта“.

Потоа Кели додаде дека Џон и Криси ја имаат поддршката од неа, но и сите други.

ova-e-za-krisi-dzhon-ledzhend-so-nasolzeni-ochi-ja-izvede-never-break-na-billboard-music-awards-03.jpg

Ова е првиот настап на пејачот после трагичниот настан, а на самиот почеток на изведбата, тој вели:

„Ова е за Криси“.

ova-e-za-krisi-dzhon-ledzhend-so-nasolzeni-ochi-ja-izvede-never-break-na-billboard-music-awards-02.jpg

Како што прокоментираа многу фанови, ова е можеби една од најемотивните изведби на Џон досега, а кон средината, се забележува и дека неговите очи почнуваат да се насолзуваат.

Дури и Кели Кларксон не остана рамнодушна и по настапот на Џон изјави дека тоа ѝ бил најубавиот момент од вечерта:

„Џон, тоа беше многу убаво. Ви ја праќам сета моја љубов на тебе и на Криси“.

ova-e-za-krisi-dzhon-ledzhend-so-nasolzeni-ochi-ja-izvede-never-break-na-billboard-music-awards-04.jpg

Покрај Џон, на сцената се појавија и Малума, Алиша Кис, Сиа, а настанот го отвори Кели Кларксон со изведба на песна од Витни Хјустон.

Првично, доделувањето на наградите требаше да биде на крајот од април во Лас Вегас. Но, поради пандемијата, настанот беше одложен за 14-ти октомври, а беше пренесуван во живо од театарот Долби во Лос Анџелес.

Прочитајте и: Не се откажува од „маскирање“: Сиа прикриена со розова перика и огромни панделки настапи на Billboard наградите

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Кога сопругата ти е речиси 40 години помлада од тебе, но ти добро се држиш (фото) Тие стапија во брак во 2023-та година на интимна церемонија во нивната вила на о...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg