Претходно ни беше важно кој заработил најмногу, а годинава – поврзаноста со другите луѓе: Џеј Ло со инспиративен говор на People's Choice Awards

На овогодишното доделување на People’s Choice Awards Џеј Ло беше прогласена за икона на 2020-та, а говорот за прифаќањето на наградата им го посвети на девојчињата на сите возрасти, од целиот свет.

prethodno-ni-beshe-vazhno-koj-zarabotil-najmnogu-a-sega-povrzanosta-so-drugite-lugje-dzhej-lo-so-inspirativen-govor-na-people-s-choice-awards01.jpg

Како и секоја година, и во 2020-та се одржа доделувањето на People’s Choice Award, а Џеј Ло си доби награда за икона на 2020. Пејачката ја доби наградата во чест на нејзината долга и богата кариера која вклучува и музички, но и неколку успешни филмски проекти.

vashite-sonishta-se-ogranicheni-samo-od-vashata-imaginacija-dzhej-lo-so-inspirativen-govor-na-people-s-choice-awards-posveten-na-devojkite-od-celiot-svet-02.jpg

Џеј Ло ги искористи моментот на сцената за да им упати важна порака на девојчињата од целиот свет, но и за да ги нагласи нештата што ги научивме оваа година:

„2020-та не беше шега, зарем не? Пред 2020 бевме опседнати да добиеме некоја награда или да бидеме номинирани за друга, гледавме кој продал најмногу албуми или кој заработил најмногу на бокс-офисот и слични луди работи. Но, не и оваа година.

Оваа година ни покажа што е важно, а што не. Мене, пак, ми покажа што е најважно: Луѓето, сите ние - заедно. Да си помагаме, да се сакаме, да бидеме добри едни кон други. И, важноста на таа поврзаност.

Сфатив дека тежнеам кон тоа без разлика што правам. Да допрам до луѓето. Верувам дека тоа е она што го сакаме сите, оние заеднички искуства кои ни покажуваат дека не сме сами во сето ова. Вашата верба во мене ме мотивира да продолжам и некогаш, кога сум преморена, како повеќето оваа година, моето семејство, пријателите, децата и моите фанови ми помагале повторно да се издигнам. Премногу сум благодарна што ве имам во мојот живот“.

vashite-sonishta-se-ogranicheni-samo-od-vashata-imaginacija-dzhej-lo-so-inspirativen-govor-na-people-s-choice-awards-posveten-na-devojkite-od-celiot-svet-03.jpg

„Како Латиноамериканка и како жена, морам да работам двојно повеќе за да ги добијам можностите. Некогаш моите големи соништа и моите амбиции ги прават другите околу мене нервозни - ’Не може да бидеш актерка. Актерка си, зошто сакаш да пееш? Ти си изведувач, никој нема да те сфати сериозно како бизнисмен.‘

Колку повеќе ми велеа дека не можам, толку повеќе чувствував дека морам да го направам тоа. Па, еве ме овде, благодарна, бидејќи знам дека вистинското мерило за мојот успех не е на боксофисот или бројот на продадени албуми, туку љубовта што ја чувствувам од сите вас.

Вистинското мерило на успехот е тоа што инспирирам девојки од сите возрасти, со сите бои на кожата, од целиот свет. Можете да направите што и да посакате, колку работи и да сакате, и да бидете горди на личноста којашто сте, без разлика од каде доаѓате.

Сакам да знаете дека вашите соништа се ограничени само од вашата имагинација, поставеност и вашата упорност. Ако сум допрела до вас, дури и на најмалиот начин, тогаш тоа е најголемата награда што можам да ја добијам“.

Погледнете го видеото од говорот на Џеј Ло и поддршката од нејзините колешки и пријателки:

Ова е четврти пат Џеј Ло да добие награда на People’s Choice Awards, после наградите во 2011, 2012 и 2017. Досега, пејачката беше номинирана дури 16 пати.

vashite-sonishta-se-ogranicheni-samo-od-vashata-imaginacija-dzhej-lo-so-inspirativen-govor-na-people-s-choice-awards-posveten-na-devojkite-od-celiot-svet-04.jpg

Џеј Ло на доделувањето на People's Choice Awards:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло... Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургери...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg