Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Сакаме да ги решиме проблемите“ – Џеј Ло и Алекс ги демантираа гласините за раскинување, се борат да ја спасат врската

Минатата недела познатите медиуми како TMZ и People споделија дека Џеј Ло и Алекс Родригез ѝ ставиле крај на свршувачката. Сега парот се огласи во врска со гласините, изјавувајќи дека иако работат на некои проблеми во врската, уште не се разделени, но некои извори тврдат дека нивната врска „виси на конец“.

sakame-da-gi-reshime-problemite-djej-lo-i-aleks-gi-demantiraa-glasinite-za-raskinuvanje-se-borat-da-ja-spasat-vrskata001.jpg

Јавноста беше шокирана откако минатата недела се појавија гласини дека Џеј Ло и Алекс Родригез раскинале, после 4 години заедно. Досега тие двапати ја одложија нивната венчавка поради пандемијата, а подоцна пејачката изјави дека воопшто не ѝ се брза со таков чекор.

Сега парот се огласи во врска со гласините, со заедничка изјава за TMZ:

„Сите гласини се неточни. Работиме на некои проблеми“.

rabotime-na-problemi-no-ushte-sme-zaedno-dzhej-lo-i-aleks-se-oglasija-za-glasinite-deka-raskinale-02.jpg

Наводно, парот не очекувал гласините да се рашират толку брзо, но точно е дека имале проблеми во врската и не би било големо изненадување ако се разделат.

„Алекс се обидува да ја убеди Џенифер да пробаат да ги решат проблемите. Џенифер си дава време да размисли за нивната иднина. Тие имаат неколку заеднички инвестиции и нивните деца се многу блиски.

Сето ова ја тера Џеј Ло да размисли дали сака веднаш да излезе од таа врска. Алекс, пак, е целосно свесен дека нивната врска виси на конец“, тврди извор близок до парот.

rabotime-na-problemi-no-ushte-sme-zaedno-dzhej-lo-i-aleks-se-oglasija-za-glasinite-deka-raskinale-04.jpg

Според изворите, изминативе две недели тие најчесто биле разделени, го заладиле односот и имале многу недоразбирања и конфликти. Претходно светските медиуми пренесоа дека можеби најголема причина за потенцијалната разделба се гласините за неверството на Алекс, но сега некои извори тврдат дека тоа нема никаква врска со нивните проблеми.

rabotime-na-problemi-no-ushte-sme-zaedno-dzhej-lo-i-aleks-se-oglasija-za-glasinite-deka-raskinale-03.jpg

Наводно, Џеј Ло и Алекс веќе зборувале да се разделат, но не го направиле тоа официјално:

„Немаат раскинато официјално, но имаат зборувано за тоа. Минуваат низ тежок период, но засега немаат раскинато. Таа работи во Доминиканскa Република, а тој е во Мајами и тешко им е да се видат, особено поради пандемијата. Сепак, сакаат да се обидат да ја спасат врската“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg