Зборува македонски, ја добил во првиот брак со балерина – Која е Луција, најстарата ќерка на Раде Шербеџија?

Раде Шербеџија го доживуваме како „наш“ актер од Балканот што успеал да се протне, да успее на големите екрани и да стекне светска слава. Она за што ретко се говори е дека неговата најстара ќерка Луција е подеднакво талентирана актерка чиј живот е исполнет со подеми и падови. 

zboruva-makedonski-ja-dobil-vo-prviot-brak-so-balerina-koja-e-lucija-najstarata-kjerka-na-rade-sherbedjija-1.jpg

Раде Шербеџија денес е во брак со Ленка Удовички и со неа има три деца, Милица, Нина и Ванја.

Претходно Раде бил во брак со балерината Иванка Церовац, со која има уште две деца Луција и Данило. Луција е најстарата ќерка на Раде и денес таа има 48 години.

View this post on Instagram

A post shared by Rade Šerbedžija (@radeserbedzija.official)

Во продолжение неколку интересни факти за неа:

Од модел до актерка

Луција првично била модел, но глумата е нејзината најголема љубов. Досега играла во повеќе хрватски и странски проекти – филмови и театарски претстави.

Таа дипломирала на Драмската Академија во Загреб. Инаку Луција не е единствената што тргнува по стапките на таткото Раде.

Нејзиниот постар брат Данило (1971) е познат хрватски режисер.

View this post on Instagram

A post shared by Lucija Serbedzija (@lucijaserbedzija)

За потребите на филмот „Ослободувањето на Скопје“ морала да научи македонски

Кланот Шербеџија беше вклучен и во снимањето на македонскиот кандидат за Оскар од 2016-тата година.

Луција Шербеџија играше во филмот „Ослободувањето на Скопје“, а овој филм беше изработен под режисерската палка на Раде и Данило Шербеџија.

Во интервју од тој период, Луција говореше за предизвиците со кои што се соочувала за време на снимањето на овој филм.

„Долго и темелно се подготвував за таа улога. Со оглед на тоа што играм Македонка која во филмот во повеќе наврати говори и на германски јазик, морав пред сѐ да работам на тие јазици, а ниту еден од нив не го знаев.

Бев во Скопје на 5 месеци пред снимањето и таму поминав одредено време за да го научам јазикот и да се запознаам со менталитетот, во што најмногу ми помогна мојата филмска сестра, исклучителната актерка и личност, Силвија Стојановска“ - рече тогаш Луција, во интервју за tportal.

Била во брак со актерот Филип Гајиќ

Луција била во брачна заедница со актерот Филип Гајиќ осум години, а со него има и две деца Сергеј и Анастазија. Во една прилика Гајиќ има изјавено:

„Се запознавме уште додека бевме деца. Заедно игравме во култната југословенска претстава „Ослободувањето на Скопје“, со која што отпатувавме на тримесечна турнеја во Америка. Потоа патиштата ни се разминаа, а Луција верно ме чекаше 25 години како Пенелопа Одисеј“.

Тие повторно се среќаваат во 1997-ма година во куќата на Раде во Лондон. Стапуваат во брак во 2006-та година, а се разведуваат во 2014-та.

Во тој период медиумите пишуваа надолго и нашироко за нивниот развод, а како одговор на таквите пишувања Филип Гајиќ се обрати на својот блог, при што напиша:

„Л и јас се запознавме како деца во претставата на Љубиша Ристиќ „Ослободувањето на Скопје“. Тогаш веќе станавме мали пријатели, па потоа и возрасни пријатели.

Во таа долга фаза на пријателство еден дел го зазема и љубовната брачна врска. И помина. И останавме пријатели. Тајно се венчавме во една маслинова градина, така беше случајот. Тајно и се разминавме, исто покрај таа маслинова градина.

И почетокот и крајот ги заливме со ширината. Неодамна баш бев таму да ѝ помогнам на недела дена. Таа го скрши колкот и се движи уште некое кратко време со помош на штаки.

Појадок, перење алишта, ручек, миење садови, дрва за оган, кафе итн. Децата се весели. Не водиме војна, не се влечеме по судови. Читателите не се гладни за тоа.

Гладни се за крв и за 'рѓави зборови. Купуваат весници за да се уверат дека нивната несреќа не е најлоша. Треба и читателите да ги разбереме. Сите треба да ги разбереме“.

По ова следеше уште еден момент во нивната приказна што беше топ тема во медиумите. Гајиќ стапи во брак со Јана Милосавлевиќ, актерка и ќерка на Нешо Галија. Јана е 23 години помлада од Филип, а во 2017-тата заедно го добија синот Јоаким.

Инаку, како што во неколку наврати напоменаа и Луција и Филип тие се во одлични односи и сè уште се добри пријатели.

Јана и Луција дури и играа заедно во популарната хрватска серија „Жигосани во рекетот“.

Но, настрана од драмата и семејните приказни, Луција е талентирана актерка која и натаму ја гради својата кариера на штиците што живот значат.

Да се надеваме дека во едно идно време кога нештата повторно ќе се вратат во нормала ќе имаме можност повторно да ја гледаме на големите и малите екрани, но и на театарска сцена.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg