Деми Мур (58) со ќерка ѝ на плажа во Грција – двете во топ форма и покрај целулитот и вишокот кожа (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Деми Мур (58) со ќерка ѝ на плажа во Грција – двете во топ форма и покрај целулитот и вишокот кожа (фото)

58-годишната Деми Мур и нејзината 32-годишна ќерка Румер Вилис уживаат во летните денови на Миконос, Грција, а од фотките е јасно дека и двете се во топ-форма и покрај малите недостатоци на кои не обрнуваат внимание.

demi-mur-58-so-kjerka-i-na-plazha-vo-grcija-vo-top-forma-i-pokraj-celulitot-i-vishokot-kozha-foto-01.jpg

Поранешната сопруга на Брус Вилис одбрала виолетово бикини, а косата ја собрала во плетенки. Очигледно, годините не ѝ можат ништо, бидејќи Деми изгледа беспрекорно.

Нормално, како и повеќето жени и таа има малку целулит и вишок кожа, но за неа тоа не претставува никаков проблем и гордо си го носи телото.

demi-mur-vo-top-forma-gordo-go-pokazhuva-celulitot-na-mikonos-kjerka-rumer-32-izgleda-odlichno-vo-tanga-bikini-foto-03.JPG

Ќерка ѝ пак, беше во посмело издание, со жолто танга бикини кое одлично ги нагласува нејзините облини, а очигледно и таа нема комплекси и гордо си ги носи на себе малите недостатоци.

demi-mur-58-so-kjerka-i-na-plazha-vo-grcija-dvete-vo-top-forma-i-pokraj-celulitot-i-vishokot-kozha-foto-0.png

Актерката и ќерка ѝ беа во друштво на пријателка, а со нив беа и нивните кучиња.

demi-mur-vo-top-forma-gordo-go-pokazhuva-celulitot-na-mikonos-kjerka-rumer-32-izgleda-odlichno-vo-tanga-bikini-foto-07.JPG

На Инстаграм Деми сподели и селфи на кое гордо покажува како изгледа во бикини, со опис:

„Се подготвувам за уште еден ден во рајот“.

И Румер не ја испушти можноста да се пофали за одморот на нејзиниот Инстаграм профил и досега има споделено неколку фотки со бикини, како и видео во кое танцува и скока во морето од јахта.

Деми Мур и таткото на Румер, Брус Вилис, се венчаа во 1987 година. Покрај Румер, тие имаат уште две ќерки – 29-годишната Скаут Вилис и 27-годишната Талула Вилис. Се разделија во 2000 година, но успеаја да останат навистина добри пријатели.

Тие не само што заедно се грижеа за нивните деца, туку неретко и до денес заедно минуваат празници и слични важни настани, без разлика што и двајцата си имале и други партнери.

Деми Мур и Румер Вилис на Миконос:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6-годишната Норт Вест рапува на модна ревија во Париз (видео) Ќерката на Ким и Канје изгледа решила да тргне по стапките на нејзиниот татко – ...
Позади сцената: Најдобрите Оскаровски Инстаграм фотки Имавме можност да ги погледнеме холивудските ѕвезди на црвениот тепих на Оскарит...
23-годишната ќерка на Еминем со секси фотки од Хаваи Таа е нежна и природна и луѓето ја обожаваат затоа што не е „во филм“ како други...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg