Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ванеса Брајант со емотивна порака по повод роденденот на Коби: „Ќе те сакам засекогаш – љубовта е вечна“

Ванеса Брајант и ќерките на социјалните мрежи објавија постови со кои му го честитаа 43-иот роденден на нивниот сопруг и татко, Коби Брајант.

vanesa-brajant-so-emotivna-poraka-po-povod-rodendenot-na-kobi-kje-te-sakam-zasekogash-ljubovta-e-vechna-01.jpg

По повод 43-иот роденден (23. 08.) на прерано починатиот НБА кошаркар Коби Брајант, неговата сопруга Ванеса и најстарата ќерка Наталија, објавија фотографии на Инстаграм, со кои го одбележаа овој ден.

„Среќен роденден Папи. Те сакам засекогаш. Љубовта е вечна“ – напиша Ванеса (39) на Инстаграм.

Нивната најстара ќерка Наталија годинава ги започна студиите на University of Southern California, а оттаму и таа објави фотографија со која го одбележа роденденот на нејзиниот татко.

„Среќен роденден тато“ – напиша таа до фотографијата што ја објави на Инстаграм.

Легендарниот НБА кошаркар почина прерано на само 41 година во трагична хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Заедно со Коби, во несреќата загина и нивната 13-годишна ќерка Џиана.

Ванеса и Коби, кои стапија во брак во април 2001-вата година заедно имаат уште три ќерки, Наталија (18), Бјанка (4) и Капри (2).

Инаку, во текот на ова лето Ванеса со ќерките беше во посета на Хрватска, каде го посетија King's Landing фиктивниот град од Game of Thrones. По ова, семејството во Брајант се врати во САД, а Наталија ги започна студиите на University of Southern California, за што Ванеса објави уште еден пост на Инстаграм во кој напиша:

„Денес беше тешко. (Ова беше пред солзите да почнат да паѓаат). Недостигаш... засекогаш. Те сакам Наталија – биди храбра и бори се“

Прочитајте и Ванеса Брајант со ќерките во Дубровник: „Ја исполнив желбата на Коби, Наталија да оди во Хрватска“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg