Вин Дизел (54) на одмор во Италија речиси непрепознатлив, нема ниту трага од извајаните мускули (фото)
- Детали
- четврток, 09 септември 2021
Папараците го фатија актерот Вин Дизел како изгледа кога е на одмор. Заборавете на стомачните мускули и на извајаното тело, како изгледа актерот во опуштено издание?

Главната ѕвезда на филмскиот серијал „Fast & Furious“, Вин Дизел (54), беше забележан од фотографите додека одмараше на јахта во Портофино, Италија. На фотографиите без маица и во црн костим за капење, актерот во целост беше непрепознатлив.

Дизел е на одмор заедно со неговата долгогодишна девојка Палома Хименез и нивните три деца: Ханиа (13), Винсент (11) и Паулина (6).

Претходно Вин Дизел беше во Венеција, каде присуствуваше на тридневното модно шоу на Dolce & Gabbana, каде присуствуваа и Џенифер Лопез, Кортни Кардашијан, Тревис Баркер и Ванеса Брајант. Тој оттаму објави фотографии на неговиот Инстаграм профил.
Погледнете повеќе фотографии од одморот во Италија во продолжение:




Повеќе фотографии од модното шоу во Италија:

Фотографии од Вин Дизел на филм и кога е во топ форма:


Прочитајте и Како режисерот на „Брзи и бесни“ и Вин Дизел му оддадоа почит на прерано починатиот Пол Вокер во новиот дел на филмот?
Б. С. Б. | Црнобело