Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првпат заедно на настан: Џеј Ло со Бен Афлек во Венеција - не се одлепуваат еден од друг (фото)

Џеј Ло во моментов е заедно со Бен Афлек во Венеција каде ќе му даде поддршка на премиерата на најновиот филм The Last duel, за кој тој го напиша сценариото.

djej-lo-zaedno-so-ben-aflek-na-filmskiot-festival-vo-venecija-ne-se-odlepuvaat-eden-od-drug-i-postojano-se-drzhat-za-raka-01.jpg

Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (49) по луксузниот одмор од ова лето, се вратија пак во Италија, но овој пат службено. Тие во моментов се во Венеција каде присуствуваат на филмскиот фестивал во Венеција.

Џеј Ло на фестивалот ќе присуствува како придружба на нејзиното момче на премиерата на филмот на Ридли Скот, The last duel, во кој Бен се јавува како еден од сценаристите. Имено, зад сценариото на филмот се потпишуваат Бен Афлек и Мет Дејмон.  

Бен и Џеј Ло уште еднаш покажаа дека се навистина сериозни во намерата да ѝ дадат втора шанса на врската и на љубовта помеѓу нив и практично не се одлепуваа еден од друг.

Фотографите повторно ги уловија како разменуваат нежности додека се возеа во такси на вода, а забележително е дека и цело време се држат за рака.

Бен беше облечен во црн аутфит, со црна блуза и фармерки, а Џеј Ло овојпат се одлучи за бел фустан од тантела и сребрени модни додатоци.

Иако во изминатиот период имавме можност во повеќе наврати да ги гледаме заедно додека беа на одмор, на вечера со семејствата или на излегување, сепак ова е нивно прво јавно појавување на настан.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс? „Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Бен Афлек подготвен да направи сè за Џенифер Гарнер: „Многу ја сака, Џеј Ло не можеше да се натпрева... Иако изворите тврдат дека нема ништо романтично помеѓу Бен Афлек и Џенифер Гарне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg