Нов скандалозен потег: По фустанот на VMA, Lil Nas X со труднички стомак си направи „baby shower“
- Детали
- четврток, 16 септември 2021
Постојано објавува фотографии со труднички стомак и вели дека едвај го чека породувањето односно излегувањето на неговиот нов албум – овојпат организираше „baby shower“ и повторно ги разгневи луѓето од целиот свет.
Lil Nas X веќе извесен период со труднички стомак го најавува излегувањето на неговиот нов албум.
22-годишниот контроверзен музичар доби лавина од негативни реакции за тоа што на ваков начин го најавува албумот „Montero“ и го нарекува свое бебе. „Очаен за внимание“, „Ужасно е и болно на многу начини“, беа само дел од осудувачките коментари.
Потоа тој се појави во фустан на VMA 2021, каде повторно се крена прашина околу него.
Сега, Lil Nas X продолжува со скандалозните потези и за своето наводно бебе организираше дури и „baby shower“ со балони, мафини и што уште не. Во описот напиша како е преплавен од емоции затоа што никој не дошол.
Неговата „baby shower“:
Скандалозните потези на музичарот, кои постојано го лутат светот:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





