Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Го изгубила првото бебе, а денес има 5 ќерки - Како изгледа и што прави денес Марибел од серијата „Руби“?

За првпат останала бремена во 2013-та година со близнаци, но за жал го изгубила едното дете на породувањето. Денес има пет ќерки и ужива во бракот со формула возачот Мартин Фуентес. Што прави Марибел од серијата „Руби“ денес?

go-izgubila-prvoto-bebe-a-denes-ima-5-kjerki-kako-izgleda-i-shto-pravi-denes-maribel-od-serijata-rubi-01.jpg

Мексиканската актерка Жаклин Бракамонте (41) ја помниме по улогата на скромната девојка Марибел (41) во мексиканската ТВ сапуница „Руби“.

Серијата „Руби“ беше снимена во далечната 2004-та година според стрипот од 1960-тата година насловен Lágrimas, Risas y Amor.

ima-pet-kjerki-a-so-rubi-ne-se-slushnale-so-godini-kako-izgleda-i-shto-pravi-denes-maribel-od-serijata-rubi-02.jpg

Се сеќаваме на Руби Перез (Барбара Мори)  која беше мошне убава сиромашна девојка опседната со пари, но и на нејзината најдобра другарка Марибел дела Фуенте која ја играше Жаклин Бракамонтес.

Марибел беше мошне богата, а нè освои со својата љубезност и дарежливост.

Во серијата Руби потајно беше љубоморна на Марибел и на нејзиниот живот, па го украде момчето на Марибел , затоа што во младиот архитект виде можност за побрзо остварување на сопствените соништа за побогат и покомотен живот.

ima-pet-kjerki-a-so-rubi-ne-se-slushnale-so-godini-kako-izgleda-i-shto-pravi-denes-maribel-od-serijata-rubi-03.jpg

Ликовите што двете актерки ги толкуваа во серијата беа непријателки и престанаа да зборуваат, но во приватниот живот Жаклин и Барбара која живее во Уругвај, биле мошне блиски додека работеле заедно на серијата, но, со текот на годините, заборавиле една на друга и се немале слушнато со години.

Барбара гостуваше во шоу на една Мексиканска теливизија, а на Инстаграм беше објавено видеото од тоа како таа реагира кога по 16 долги години за првпат ја гледа и ја слуша својата колешка:

Жаклин во 2000-тата година била избрана за Мис Мексико и учествувала на Мис Универзум во 2001-вата година.

Благодарение на серијата „Руби“ таа се стекна со интернационална слава. По ова серија играше уште во неколку ТВ новели, но одлучи да направи пауза од 10 години, пред повотрно да заигра во некои од ТВ сериите.

Во 2011-тата година таа се омажила за Мартин Фуентес, мексикански бизнисмен и формула возач.

Таа и сопругот доживеаја голема трагедија. Во 2012-тата двојката најави дека очекува близнаци, но за жал таа на породувањето во март, 2013-тата година го загубила синот Мартин кој починал поради проблеми со дишењето и ќерката Жаклин.

Една година подоцна, во јули 2014-тата година, Жаклин се породи со втората ќерка Каролина, а во 2016-тата и третата ќерка Рената. Две години подоцна таа ги роди и близначките Емилија и Паула.

Таа во интервју за мексиканските медиуми тврди дека со пет деца дома, никогаш не им е здодевно, па така често се случува девојчињата да се расправаат меѓусебно:

„Тоа навистина е вообичаено и мора да земам длабок здив и да се обидам да разговарам со нив“ – вели таа и додава дека понекогаш и ги остава самите да ги решаваат недоразбирањата меѓусебно.

Погледнете како денес изгледа Жаклин:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg