Што прави Сандра Булок за на 57 години да изгледа како да има 37?

За актерката Сандра Булок (57) велат дека не старее и дека речиси воопшто не ѝ се променил изгледот, а таа тврди дека тоа е поради шминката. Која е тајната за нејзиниот вечно младешки изглед?

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-01.jpg

Со оглед на тоа што веќе длабоко е навлезена во шестата деценија од животот, Сандра Булок (57) изгледа мошне добро.

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-02.jpg

За разлика од голем број нејзини колешки, неа можеме да ја видиме и без грам шминка додека оди на снимање на нејзините филмски проекти, а совршено изгледа и на црвениот тепих. Во што е нејзината тајна?

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-03.jpg

Не ги прескокнува тренинзите

Сандра Булок знае дека за да остане во форма, потребно е да одвои време за тренинзи и да биде мошне посветена. Вели дека во следниот живот би сакала да биде спортист.

Таа вежба најмалку по еден час, шестпати неделно, а кога работи на некој филм, станува порано за да има време да вежба пред да оди на снимање.

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-04.jpg

Има свој фитнес гуру

За да се оддржи во форма, Сандра Булок се придржува до озлогласената техника на Симон Де Ла Ру, Body By Simone.

Оваа рутина вклучува исцрпувачки танчерски движења во комбинација со јога и пилатес. Се вели дека овие вежби ѝ помагаат на Сандра да го затегне во целост телото, а нејзините сесии траат по еден час.

Освен тоа, Сандра вежба и на справи, а познато е дека за да го затегне горниот дел од телото понекогаш се задржува и во „планк“ позиција.

Кардио вежбите, јогата и пилатесот се уште некои од тренинзите што ѝ помагаат да се одржи во форма.

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-05.jpg

Мали порции

Со оглед на нејзината возраст, вежбањето не е доволно, па Сандра вели дека е потребно особено да внимава и на големината на нејзините порции со здрава храна.

Во моментите кога чувствува глад, најчесто за ужина зема овошје или јаткасти плодови.

Нејзината исхрана е богата со свежа храна, а кога бира месо, најчесто јаде пилешко или мисиркино затоа што во нив нема шеќери ниту глутен.

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-06.jpg

Еднаш неделно мами со храната

Исто како и сите обични „смртници“, и Сандра сака еден ден во неделата да се опушти и да се храни „нормално“.

Затоа еден ден во неделата, обично во петок или во сабота, си дозволува да ја консумира храната што ја сака, но ѝ е забранета.

„Сакам слатки, сакам виетнамски тестенини, тесто за колачи или голема порција со житарици со млеко во кои уживам додека гледам Saturday Night Live – тоа е вистински рај“ – рече Сандра.

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-07.jpg

Кога ќе се прејаде, танцува

Освен доста интензивниот тренинг, Сандра има уште една тајна што ѝ помага да остане во форма – а тоа е танцот.

Кога танцува на својата омилена музика таа успева да потроши дополнителен број калории на забавен начин и воопшто не чувствува дека вежба, а тоа особено ѝ помага во деновите кога мами со храната.

shto-pravi-sandra-bulok-za-na-57-godini-da-izgleda-kako-da-ima-37-08.jpg

„Ви изгледа дека не стареам затоа што секој ден ме шминкаат по 2 и пол часа“

Сандра во минатото даде една изјава и го прокоментира пишувањата во медиумите за тоа дека таа воопшто не старее.

На прес-конференцијата за филмот Bird Box, таа рече дека гледачите досега немале прилика да ја видат реалната Сандра, туку дека нејзиниот изглед се должи на добрата шминка и фризура:

„Единствено ме гледате кога работам на прес-конференции. Знаете колку време потрошив на фризура и шминка? Два и пол часа...

Потоа ќе го измијам овој изглед и утре во 8 часот ќе ја повторат шминката. Никогаш не сум била фотографирана кога не сум во најдоброто издание“ – рече таа.

Погледнете го видеото со изјавата на Сандра:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сандра Булок блеска на 59 години, и покрај траумите - Бившиот ја изневери со 20 жени, демнач ѝ влезе... Скоро 30 години Сандра Булок е миленичка на Холивуд. Во јавноста е секогаш насме...
Заради него се откажа од јавниот живот, за жал, тој ја напушти прерано – Почина партнерот на Сандра ... „Тој не сакаше да има ништо со мојот живот, но беше вистинскиот човек за мене“ –...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
„Јас воопшто не сум како него“ – Зошто Марго Роби е во лоши односи со татко ѝ? Тој имал богатство од 100 милиони долари, но Марго морала да работи како хигиени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg