Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јелена Карлеуша во скутот на Дедо Мраз и уште 5 ѕвезди кои позираа со него (фото)

Во пресрет на новата 2022-ра година голем дел од децата веќе се фотографираа со Дедо Мраз, а очигледно тоа го направија и некои познати личности. Сестрите Хилтон, Ким Кардашијан, но и Јелена Карлеуша објавија фотографии на социјалните мрежи со Дедо Мраз.

jelena-karleusha-i-drugi-slavni-vo-skutot-na-dedo-mraz-shto-sakame-za-bozhikj-01.jpg

Некои познати личности се фотографираа со Дедо Мраз со семејството, а некои пак сами му седнаа на Дедо Мраз во скутот и позираа.

Само три дена пред Божиќ (20.12) богатите наследнички Парис и Ники Хилтон објавија фотографии како позираат во скутот на Дедо Мраз во сребрен и црвен фустан и високи потпетици.

„Со Дедо Мраз. Само уште три дена до Божиќ“ – напиша Парис до фотографиите.

Уште една позната личност која му седна на Дедо Мраз во скутот е Ким Кардашијан. Покрај фотографиите од божиќната вечер на кои може да се видат нејзините четири деца, таа објави и фотографија во која позира во целосно кафеав стајлинг.

jelena-karleusha-i-drugi-slavni-vo-skutot-na-dedo-mraz-shto-sakame-za-bozhikj-02.jpg

Клои Кардашијан пак објави фотографија на која заедно со нејзината ќеркичка Тру позираат заедно до Дедо Мраз пред новогодишната елка. На фотографиите 3-годишната Тру е дотерана во светкаво, сребрено фустанче со патики од Christian Dior.

На нашите простори, српската пејачка Јелена Карлеуша објави фотографии како седи во скутот на Дедо Мраз со цел да го најави сопствениот настап за новогодишната ноќ.

„Драг Дедо Мраз, бев добра девојка цела година. Сѐ што сакам е...“ – напиша таа до фотографиите.

Освен оваа, Јелена објави уште една фотографија на која позира уште со четворица Дедо Мразовци.

Претходно семејна фотографија објави и манекенката и партнерка на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез која бремена со четирите деца замина на Северниот Пол каде се фотографираше со вистинскиот Дедо Мраз.

jelena-karleusha-i-drugi-slavni-vo-skutot-na-dedo-mraz-shto-sakame-za-bozhikj-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон танцува сосема гола, само со панделка на интимните делови, по повод Божиќ (видео+фото) Дали ова е најсмелата честитка за Божиќ? 43-годишната Парис Хилтон танцува сосем...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...
Бившиот објави нивна секс снимка, била малтертирана во поправен дом – Тажни детали од животот на Пар... Бившиот на Парис Хилтон објави нивна секс снимка и без разлика што таа беше жртв...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg