Емотивната љубовна приказна на Лијам Нисон и неговата почината сопруга нè потсетува да го цениме партнерот додека е со нас

Неговата сопруга паднала при скијање и ја повредила главата, била добра, а кога тој пристигнал во болница, паднала во кома и не се разбудила никогаш. Тој ја испочитувал нејзината желба, ја исклучил од апарати, а три нејзини органи спасиле 3 други животи. Тажната љубовна приказна на Лијам Нисон...

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga-01.jpg

Кога ќе изгубиме некој близок, можеме да почувствуваме како се отвора бездна во нашите срца. На почетокот ни изгледа дека животот никогаш повеќе нема да биде ист. И всушност, навистина е така.

Но, малку по малку, болката се смирува и секој наоѓа начин да се справи со тагата и доколку може повторно да се насмее.

Актерот Лијам Нисон открива како се соочил со болката и тагата откако ја загубил саканата сопруга Наташа Ричардсон.

Нивната љубовна приказна започнала на сцената

Наташа Ричардсон била главната актерка во претставата Ана Кристи. Таа потекнува од семејство на легендарни уметници. Лијам Нисон бил коѕвездата, актер кој штотуку започнувал, со кариера во подем.

Хемијата помеѓу двајцата била очигледна. Привлечноста била толку голема, што ѕвездите се венчале една година подоцна. Истата година, тие го снимиле и нивниот прв заеднички филм, Nell (1994).

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (7).jpg

Кариерата на Лијам го достигна врвот во 1993 година кога тој глумеше во култниот филм Schindler’s List, за чија улога беше номиниран и за Оскар за најдобра главна машка улога.

Наташа пак се појави во еден од најнезаборавните детски филмови The Parent Trap во 1998 година, покрај малата Линдзи Лохан.

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (2).jpg

Како резултат на љубовта помеѓу Лијам и Наташа се двете деца, Мајкл и Даниел. Ништо во семејството не ги натерало да се сомневаат дека на повидок доаѓаат тешки времиња. Меѓутоа, околностите неочекувано се смениле.

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (3).jpg

Трагичниот крај на една прекрасна љубовна приказна

Во 2009 година, Лијам Нисон бил на снимање во Торонто, Канада. Неговата сопруга заминала да ужива во снегот неколку дена.

Додека имала лекции за скијање, таа се лизнала и при падот се удрила во главата.

Во прво време на местото на несреќата, изгледало дека не станува збор за ништо сериозно, бидејќи таа одбила да биде пренесена во болница.

Ова е последното нешто што му го соопштила Наташа на сопругот кога му се јавила да му каже што ѝ се случило. И покрај тоа, Наташа била примена во болница како мерка на претпазливост.

Кога актерот пристигнал, Наташа била во кома. И никогаш повеќе не се разбудила.

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (1).jpg

Наташа починала на возраст од само 45 години. Нивните деца, Мајкл и Даниел тогаш имале 13, односно 12 години.

Ричардсон потоа била пренесена во Њујорк, каде членовите на нејзиното семејство се собрале покрај нејзиниот кревет да се збогуваат со неа за последен пат.

Нисон, исто така, открил дека откако се венчале, тие „склучиле пакт“ дека доколку „некој од нив е во вегетативна состојба, другиот ќе го исклучи приклучокот“.

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (4).jpg

Ричардсон како дарител на органи донирала три, така што таа во моментот одржува три лица во живот.

Нејзиното срце, бубрезите и црниот дроб им биле донирани на луѓе на кои им се продолжил животот, а Нисон изјавил дека смета дека тоа е прекрасно и мисли дека и таа (Наташа) би била многу воодушевена и задоволна.

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (11).jpg

Како Лијам Нисон се справил со загубата на саканата?

По нејзината смрт, актерот „се фрлил на работа“, појавувајќи се во неверојатни 34 филмови по нејзината смрт.

Тој признал дека ја користел работата како начин да се справи со болката, и да биде тука за нивните две деца.

„Не сум добар без работа, едноставно не сакав, особено заради моите момчиња, да изгледам како да се валкам во тага или депресија“.

Во 2018 година, постариот син Мајкл го смени своето презиме во Ричардсон со цел да го испочитува споменот на неговата сакана мајка.

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (5).jpg

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (9).jpg

На крајот можеме само да заклучиме дека животот е многу краток и непредвидлив и дека во ниту еден момент не можеме да претпоставиме што нè чека зад аголот. Затоа мора да го искористиме секој миг, а особено да го цениме времето со саканите.

Љубовната приказна на Лијам и Наташа е најдобриот пример за тоа.

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (8).jpg

Ljubovnata-prikazna-na-Lijam-Nison-i-negovata-sopruga (12).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg