Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Анџелина Џоли е пилот и уште 7 познати личности со скриени таленти

Стрелаштво, тетовирање, „голтање“ оган – некои познати личности имаат таленти за кои сигурно не сте слушнале дека ги поседуваат.

anxelina-dzoli-e-pilot-i-u-te-7-poznati-li-nosti-so-skrieni-talenti-01.jpg

Најпознатите луѓе на планетата се или музичари, или актери, а некои од нив спаѓаат и во двете категории. Сепак, голем дел од нив имаат и други таленти покрај глумата или музиката.

Кои се скриените таленти на познатите личности?

Џина Дејвис

Џина Дејвис е толку добар стрелец, што дури сакала да се натпреварува на Олимписките игри во 2000 година.

Иако не успеала да се квалификува, актерката до денес активно го практикува омилениот спорт.

Најинтересно во целата ситуација е што Џина почнала да се занимава со спортот по 40-тата година од животот.

anxelina-dzoli-e-pilot-i-u-te-7-poznati-li-nosti-so-skrieni-talenti-02.jpg

Анџелина Џоли

Знаевте ли дека Анџелина Џоли е и пилот?

Актерката посакала да научи да лета само поради нејзиниот син Медокс, кој отсекогаш покажувал огромен интерес за авиони. Таа ја доби дозволата за летање кога Медокс имаше 3 години, а тој период изјави:

„Ако научам да летам додека да наполни 4 години, сигурна сум дека ќе ме гледа како Супермен“.

Денес и Медокс е пилот, а научил да лета со помош на Џоли.

anxelina-dzoli-e-pilot-i-u-te-7-poznati-li-nosti-so-skrieni-talenti-03.jpg

Пирс Броснан

Пред да стане Џејмс Бонд, Пирс Броснан бил артист во циркус, а неговата точка била „голтање“ оган.

Актерот три години бил дел од циркус, а одвреме-навреме знае да се пофали со неговата вештина и додека гостува во емисии.

Џастин Бибер

Познатиот пејач има навистина необичен талент – може да реши Рубикова коцка за помалку од две минути.

Слично како Броснан, и тој понекогаш сака да се пофали со оваа вештина.

Кира Најтли

Кога гостуваше во шоуто на Греам Нортон, Кира Најтли откри дека може да „свири“ на нејзините заби.

Се разбира, актерката го демонстрираше нејзиниот талент во интервјуто.

Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ свири пијано, и тоа навистина добро.

Кејт го покажа нејзиниот талент со настап на специјален божиќен концерт на крајот од 2021 година кој се одржа во Вестминстер Аби во Лондон.

Марго Роби

Покрај тоа што е одлична актерка, Марго Роби е и тату-артист. Но, актерката нагласува дека е само аматер, како и дека не е многу добар артист.

Таа откри дека порано ги тетовирала нејзините пријатели, но престанала откако им направила неколку ужасни тетоважи.

Сепак, неколку познати личности, како колегите од Suicide Squad и Кара Делевињ, ѝ дозволиле да им направи минијатурни тетоважи.

anxelina-dzoli-e-pilot-i-u-te-7-poznati-li-nosti-so-skrieni-talenti-04.jpg

Кристофер Вокен

Исто како Пирс Броснан, и Кристофер Вокен бил дел од циркус, а таму работел како тренер на лавови.

„Влегував во кафезот и лавовите ги слушаа моите команди – седнуваа како кучиња. Навистина ги сакам мачките, тие се одлично друштво“, изјави актерот за неговата поранешна професија.

anxelina-dzoli-e-pilot-i-u-te-7-poznati-li-nosti-so-skrieni-talenti-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg