Анџелина Џоли во посета на Украина – ја однеле во засолниште откако се огласиле сирените за напад (фото+видео)
- Детали
- недела, 01 мај 2022
Анџелина Џоли ја посети Украина, a покрај фотографирањето и разговарањето со фановите, актерката мораше итно да биде пренесена во засолниште откако се огласија сирените за можен напад.
Анџелина Џоли изненадно ја посети Украина, а речиси веднаш по пристигнувањето беше забележана во кафетерија.
Познатата актерка во саботата, 30-ти април, го посети украинскиот град Лавов каде што заговараше со Украинците, се фотографираше со фановите и, наводно, ветила дека ќе се врати повторно.
Според изворите, посетата на Џоли навистина им го подобрила расположението на Украинците среде војна.
За посетата се огласи и гувернерот на Лавов:
„Посетата беше изненадување за сите нас. Многу луѓе кои ја видоа госпоѓица Џоли во Лавов не можеа да поверуваат дека е навистина таа“, пренесува Daily Mail.
Актерката редовно соработува со Обединетите Нации и посветува многу внимание на воените бегалци ширум светот, а во Украина ги посетила повредените деца, локалците и волонтерите.
Сепак, посетата на Џоли не помина без проблеми – таа итно беше префрлена во засолниште откако во Лавов се огласија сирените за можен напад.
На Твитер се појави и видео од морничавиот момент кога неколку луѓе ја придружуваат Џоли додека таа трча на безбедно.
На прашањето „Дали се плаши“, Џоли одговара дека не ѝ е страв.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





