Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


До 11 години спиела со родителите во кревет – ѝ било страв дека ќе ја остават: Факти за Били Ајлиш

Многу Американци имаат таканаречено средно име, а истото важи и за Били. Она што е интересно кај нејзиното средно име е што во превод значи „пират“. Односно, целото име на пејачката е Били Ајлиш Пајрат (Пират) Берд О’Конел.

На 8-годишна возраст станала дел од детскиот хор во Лос Анџелес и така почнала професионално да се занимава со пеење. На 11-годишна возраст почнала и да пишува музика.

И родителите на Били се дел од забавната индустрија, односно и двајцата се актери. Мајка ѝ се има појавено во Picket Fences, Birds of Pray и Bones а татко ѝ во Iron Man и Supergirl.

do-11-godini-spiela-so-roditelite-bilo-strav-deka-kje-ja-ostavat-zabavni-fakti-za-bili-ajlish-01.jpg

Брат ѝ Финеас е нејзиниот продуцент и неретко ѝ помага во пишувањето песни. Всушност, песната No Time to Die за којашто освои Оскар ја напишала заедно со брат ѝ, па наградата им припаѓа и на двајцата.

Младата пејачка има Туретов синдром – нарушување кое предизвикува движења и испуштање звуци кои не можат да се контролираат.

Били има синаестезија, односно состојба при која одредени сетилни перцепции се поврзуваат со бои, броеви и слично. Били има изјавено дека поради ова, во нејзината глава секоја личност што ја познава си има своја боја и свој број.

Има соборено неколку рекорди.

Таа е првиот музичар роден во 21-виот век чиј албум бил број 1 на Билборд листата, таа е најмладиот музичар кој бил номиниран за Греми награди во четирите главни категории во иста година, но и единствената жена која ги освоила истите награди. Сето ова се само дел од рекордите што ги има соборено во кратката досегашна кариера.

Иако сака да експериментира со бојата на косата, Били е природна русокоса.

Откако во 2021 година ги сподели фотографиите од провокативната фотосесија за Vogue, Били изгубила над 100.000 следбеници на Инстаграм. Таа вели дека е свесна дека многу фанови се приврзани само за нејзиниот лежерен стил и смета дека тоа не е во ред.

Били е огромен фан на Џастин Бибер, а имаше можност да го запознае на фестивалот Coachella. Од моментот има и видео, а нејзината реакција е навистина забавна.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg