Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јаде иста храна со години – Режимот со кој Клои Кардашијан ослабе повеќе од 20kg откако остана сингл

Станува збор за диета со малку јаглехидрати, со многу протеини и неколку оброци дневно. Оброците на Клои вклучуваат зеленчук, црвено месо, свежо овошје, риба, јајца, јаткасти плодови и вода.

jade-ista-hrana-so-godini-vezhba-6-pati-nedelno-rezhimot-so-koj-kloi-kardashijan-oslabe-povekje-od-20kg-otkako-ostana-singl-1.jpg

Клои Kардашијан во последниов период драстично го промени изгледот и телото, но откри дека нејзината трансформација започнала по разделбата со НБА кошаркарот Ламар Одом и дека тоа било постепен процес.

Станува збор за диета со малку јаглехидрати, со многу протеини и неколку оброци дневно. Оброците на Клои вклучуваат зеленчук, црвено месо, свежо овошје, риба, јајца, јаткасти плодови и вода.

Таа следи кето диета бидејќи отсекогаш ѝ помагала да ја одржи тежината. Се откажала од млечни производи и преферира бадемово млеко, но открива дека сè уште има љубов кон сирењето.

Нејзиниот режим за слабеење со кој изгуби повеќе од 20kg:

Исхрана

Пред тренинг:  Една лажица путер од бадем и една лажица џем. 

Појадок: Овесна каша со ленено семе во прав, јајца и бобинки. 

Ужинка: Ореви и јаболка. 

Ручек: Пилешко или риба со многу салата и зеленчук како спанаќ, цвекло, брокула.

Ужинка: Овошје, зеленчук, бадеми или бобинки. 

Вечера: Грашок со ориз или зеленчук и риба.

Рутински тренинг за одржување на формата

Клои поминува многу време во теретана и тренира 5-6 пати неделно по 30-45 минути.

Нејзиниот тренинг вклучува комбинација од кардио и HIIT вежби.

Совети за слабеење од Клои:

1. Бидете трпеливи со себе. Потребно е време за да се видат резултатите. 

2. Патот кон слабеење е долг, па започнете полека. Првата недела можеби ќе вежбате 20 минути дневно, а потоа ќе имате повеќе сила и можете да го зголемите времето.

3. Не гладувајте и не се лишувајте од работите што сакате да ги јадете, но јадете ги умерено.

4. Хидратацијата е клучна за секое слабеење.

5. Држете се настрана од слатки пијалаци.

 

Би можело да ве интересира:

Меколи Калкин откри сладок семеен момент: „Син ми мисли дека тој е Кевин од Home Alone“ „Тој мисли дека е Кевин. Го прашувам – се сеќаваш ли дека си се лизгал по скалит...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Мајкл Џексон спиел во ист кревет со мали деца: Најскандалозните признанија на славните (што јавноста... Мајкл Џексон откри дека спиел во ист кревет со мали деца, поточно Меколи Калкин ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg