Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џастин Тимберлејк страсно ја бакнува и допира сопругата како никој да не ги гледа – на одмор во Италија без децата (фото)

Страсни бакнежи, танцување, допири – парот на плажа се однесува како никој да не ги гледа. Џастин Тимберлејк беше на удар откако изјави дека не е хумано постојано да се грижиш за децата, а очигледно годинава тој и неговата сопруга Џесика Бил одлучиле да заминат на одмор сами. 

djastin-timberlejk-razmenuva-strasni-baknezhi-so-soprugata-zaminaa-na-odmor-bez-decata-po-izjavata-deka-24-chasa-roditelstvo-ne-e-humano-foto-01.jpg

Џастин Тимберлејк (41) и неговата сопруга Џесика Бел (40) деновиве уживаат на одмор на Сардинија, а како што може да се процени од папараци фотографиите, славниот пар одлучил да одмори без децата.

djastin-timberlejk-razmenuva-strasni-baknezhi-so-soprugata-zaminaa-na-odmor-bez-decata-po-izjavata-deka-24-chasa-roditelstvo-ne-e-humano-foto-02.jpg

Пејачот не можеше да ги тргне рацете од својата сопруга, па парот беше фотографиран како разменува страсни бакнежи, се допираат како никој да не ги гледа и заедно играат фризби на плажа.

Џастин и Џесика почнаа да се гледаат во јануари 2007-ма година, а се венчаа во 2012-та година на гламурозна свечена церемонија во Италија.

Џастин за време на карантинот во 2020-та година се најде на удар на јавностa кога во радио интервју изјави дека: „24 часа родителство не е хумано“.

Инаку, Џастин и Џесика заедно имаат две деца: синовите Силас (7) и Финеас (2) чиешто раѓање го криеја од јавноста околу 6 месеци.

Очигледно е дека парот летово одлучил да се одмори од родителските обврски и за време на одморот во Сардинија да ја вратат страста во сопствената врска.

Прочитајте и Како никој да не гледа - Љубовта на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил низ 15 спонтани фотки

Погледнете повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 20... Покрај тужбите против Пи Диди и Џеј Зи, овде се Блејк Лајвли и Џастин Балдони и ...
Одел по барови без неа, не ја поднесувал: Знаци дека бракот на Џесика Симпсон беше осуден на пропаст „Ерик честопати ја оставаше Џесика сама дома и одеше по барови. Го вадеше прстен...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg