На Бен Афлек му се смачи од медениот месец - Фотки на кои актерот е во лошо расположение додека шета низ Париз

Ниту повремената насмевка на Џенифер Лопез не можеше да го скрие (не)расположението на Бен Афлек. Дали на актерот му се смачи од постојаното фотографирање и шетање низ Париз за време на медениот месец?

na-ben-aflek-mu-se-smachi-od-medeniot-mesec-fotki-na-koi-akterot-e-vo-losho-raspolozhenie-dodeka-sheta-niz-pariz-01.jpg

По венчавката во Лас Вегас, Бен Афлек (49) и Џеј Ло (53) заминаа на меден месец во Париз, заедно со децата, а таму папараците и репортерите го следеа секој нивен чекор.

Од медениот месец славниот пар направи вистински спектакл. Прошетки низ улиците на градот на љубовта во совршени модни изданија и голем број фотографии во медиумите.

Минатата недела беше уловен како спие на столче за време на пловењето по реката Сена со широко отворена уста, а за време низ европските градови, тие се постојано фотографирани од папараци и фанови.

na-ben-aflek-mu-se-smachi-od-medeniot-mesec-fotki-na-koi-akterot-e-vo-losho-raspolozhenie-dodeka-sheta-niz-pariz-02.jpg

На Твитер се достапни повеќе видеа на кои се гледа како Бен постојано е опкружен со обожавателите кои бараат да се фотографираат со него.

Дополнително, на поголемиот број фотографии се гледа дека актерот и режисер е намуртен и не е добро расположен, а неговото (не)расположение не може да го прикрие ниту повремената насмевка на неговата сопруга.

Погледнете повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Провалил во туѓ дом без облека под дејство на дрога, 2 пати беше во затвор – Мрачното минато на Робе... Поради зависноста од дрога, Роберт Дауни Џуниор беше уапсен безброј пати, двапат...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Ал Пачино (82) на гости кај бившата, додека е во врска со 54 години помлада девојка – Бурниот љубове... Ал Пачино беше забележан како излегува од домот на поранешната девојка Лусила Со...
„Окото ми беше испакнато, внук ми ме гледаше облеан во крв“: Џереми Ренер отворено за несреќата што ... „Во разговор со семејството сфатив дека сум многу повреден -  ми изгледаше ...
Хит-видео од Џеј Ло како „тверка“ на маса, па се сопнува додека го слави 54-иот роденден – Каде е Бе... Се качува на маса и тверка, прави забава покрај базен со голем број пријатели и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg