Ѝ давал дрога на малолетна девојка, ѝ го зел пасошот и ја малтретирал – сите скандали на најпроблематичниот актер во Холивуд

Во јуни 2022 година Езра Милер беше обвинет од родителите на 18-годишна активистка за користење на таканаречената техника „груминг‘. Наводно, инцидентот се случил кога девојката имала само 14 години.

Според родителите, актерот и девојката станале блиски пријатели, а таа дури отишла да го посети во Лондон додека тој го снимал Fantastic Beasts and Where to Find Them. Овде актерот ѝ давал дрога и алкохол на малолетната девојка, а кога нејзините родители дошле да ја видат, забележале дека има модринки на телото. Исто така, актерот ѝ го зел и пасошот.

Откако родителите реагирале, актерот добил забрана да ја контактира девојката и нејзиното семејство, а допрва треба да има судење за целиот случај.

daval-droga-na-maloletna-devojka-go-zel-pasoshot-i-ja-maltretiral-site-skandali-na-najproblematichniot-akter-vo-holivud-08.jpg

Повторно во јуни годинава, актерот беше обвинет од уште еден родител, овојпат на 12-годишно дете. Според мајката на детето, актерот се заканувал со пиштол на нивното семејство и се однесувал недолично пред детето.

Кон крајот на јуни, пак, магазинот Rolling Stone откри дека актерот живее на фарма во Вермонт со 25-годишна жена и трите нејзини мали деца.

daval-droga-na-maloletna-devojka-go-zel-pasoshot-i-ja-maltretiral-site-skandali-na-najproblematichniot-akter-vo-holivud-09.jpg

Таткото на децата почнал да се грижи за целата ситуација, наводно бидејќи на фармата имало многу оружје и генерално не била безбедно место за деца на возраст од една до пет години.

Сепак, мајката изјави дека таа избегала од таткото на децата кој ја малтретирал, а Езра само ѝ дал безбеден дом. Уште не е познато дали мајката ја зборува вистината. 

Овој период актерот веќе ја изгуби улогата во филмовите на DC и неговиот лик – The Flash – ќе го глуми друг актер.

daval-droga-na-maloletna-devojka-go-zel-pasoshot-i-ja-maltretiral-site-skandali-na-najproblematichniot-akter-vo-holivud-03.jpg

Набрзо потоа, актерот беше обвинет од жена која тврди дека во февруари годинава, во Берлин, актерот почнал да ја навредува додека бил во нејзиниот дом.

Жената вели дека почнала да се плаши за својот живот, по што поднела тужба. Сепак, тужбата била повлечена бидејќи Езра ја напуштил Германија. 

daval-droga-na-maloletna-devojka-go-zel-pasoshot-i-ja-maltretiral-site-skandali-na-najproblematichniot-akter-vo-holivud-06.jpg

Во август 2022 година, Insider сподели изјави од неколку анонимни извори, од кои сите се загрижени за менталното здравје на Езра, но и за потенцијалните проблеми што може да ги предизвика.

Според изворите, актерот честопати се возел низ државата со оружје во автомобилот, а бил и параноичен дека постојано го следи ФБИ.

daval-droga-na-maloletna-devojka-go-zel-pasoshot-i-ja-maltretiral-site-skandali-na-najproblematichniot-akter-vo-holivud-04.jpg

На 8-ми август актерот беше обвинет и за провалување во куќа во Вермонт. Според локалната полиција, актерот влегол во домот и украл шишиња алкохол.

По пријавата, актерот бил лоциран и наводно сега го чека судење.

За само година-две, Езра Милер навистина успеа да ја уништи својата кариера, а поранешните фанови се убедени дека актерот има сериозни проблеми со менталното здравје кои мораат да се третираат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg