Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Младата бунтовничка Луисана Лопилато се породи со четвртото дете – ѝ дадоа име со значење „небо“ и објави фотка

„Од љубовта доаѓа живот, светлина и таа... нашето бебе Сиело Јоли Роуз Бубле. “ – напиша Луисана Лопилато позната како Миа Колучи, до фотката од стапалцето на новородената ќеркичка, кое е четврто дете што го има со Мајкл Бубле.

mladata-buntovnichka-luisana-lopilato-se-porodi-so-chetvrtoto-dete-i-dadoa-ime-so-znachenje-nebo-i-objavi-fotka-01.jpg

Младата бунтовничка Луисана Лопилато, која сите ја знаеме како Миа Колучи од аргентинската хит-серија, го доби и четвртото дете со сопругот Мајкл Бубле.

Таа објавуваше прекрасни фотки од бременоста, а на 19-ти август, сподели со фановите дека се породила, покажувајќи фотка од малото стапалце на новородената ќеркичка.

Во описот таа напиша: „Од љубовта доаѓа живот, светлина и таа... нашето бебе Сиело Јоли Роуз Бубле. Конечно пристигна во нашите животи со твоите 3.8kg. му благодариме на Бога за овој бесконечен благослов, те сакаме. Ноа, Елиас, Вида и твоите мама и тато!“

Инаку, освен по своите кариери, Луисана и Мајкл беа актуелни во медиумите откако преживеаја страшно искуство, кога нивниот прв син боледуваше од рак, но за среќа целосно се излечи. 

Потоа ги добија Вида Амбер Бети и Елиас, а сега семејството им се зголеми за уште еден член. 

mladata-buntovnichka-luisana-lopilato-se-porodi-so-chetvrtoto-dete-i-dadoa-ime-so-znachenje-nebo-i-objavi-fotka-2.jpg

Прочитајте и Некогаш беше бунтовната Миа Колучи, денес е горда мајка – Што прави сега Луисана Лопилато?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таа имаше 19 години, тој 50: Љубовта на Миа Фароу и Френк Синатра е една од најбурните во Холивуд Се запознале на снимање филм, па и покрај разликата од преку 30 години, двајцата...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg